Домашни средства за нега на лице од нане

Нането е ароматизирано растение кое освен пријатен мирис поседува и пријатен вкус. Во неговиот состав влегуваат ментолот, различни етерични масла како и тонизирачки состојки. Токму затоа нането е идеално средство за нега на вашата кожа.

Домашните средства можете да ги приготвувате во секое време од годината, а дополнителен мотив е фактот дека нането позитивно делува на крвните садови, ја хидрира кожата и се справува со повеќе видови на воспаленија на истата.

Маска за сува кожа

peppermint_oilИстолчете неколку суви листови нане и додадете 2 лажички вода. Смесата ставете ја на тивок оган. Откако добро ќе се загрее  тргнете ја од оган и оставете ја да се олади. Нанесете ја маската во тенок слој на лицето и покријте ја со медицински завој на кој претходно ќе направите отвори за очите, носот и устата. По 30 минути измијте го лицето со млака вода.

За нега на сувата кожа можете да приготвите лосион од мелено нане кое ќе го ставите со зовриена вода. Варете на тивок оган уште 5 минути. Откако ќе го исцедите ставете го на памук и чистете го лицето два пати на ден, поточно наутро и навечер. Чувајте го лосионот во фрижидер.

Маска за мрсна кожа со проширени пори

Зовријте две лажички суво и истолчено нане со две мали лажички вода. Кон смасата додадете една белка од јајце и убаво измешаје. Нанесете ја маскате во четири слоја, односно секој следен слој нанесувајте го откако ќе се исуши претходниот. Кога ќе се исуши и последниот слој измијте се со топла вода.

За мрсната кожа се препорачува истиот лосион како за сува кожа со тоа што во него ќе додадете 2 лажички сув и истолчен невен и една лажича исцеден сон од лимон. Чувајте го на ладно и нанесувајте го на лицето неколку пати во текот на денот.

raw_peppermint

Маска за нормална кожа

Истолчете го нането за да добиете ситен прав од истото и додадете 2 лажички маслиново масло. Смесата соберете ја во затворено шишенце и чувајте ја 10 дена на темно и ладно место. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува околу 20 минути.

- Реклама -