Најдобри трансфери во Премиер лигата во 2009 година

АршавинСо доволно време по последниот трансфер период и следен трансфер период кој почнува дури во 2010 година, слободно можеме да направиме проценка на најдобрите трансфери во Премери лигата, според учинокот кој играчите го имаат во новите клубови.

Со доволно време по последниот трансфер период и следен трансфер период кој почнува дури во 2010 година, слободно можеме да направиме проценка на најдобрите трансфери во Премери лигата, според учинокот кој играчите го имаат во новите клубови.

АршавинАндреј Аршавин

Трансферот на Русинот од Зенит во Арсенал во јануарскиот преоден рок многумина го гледаа како ризик. Но, со добрите партии што ги пружи Аршавин, се покажа дека Венгер не го загубил чувството за препознавање добар играч. Феноменалните голови, луцидните шутеви, како и неспорниот придонес во вкупната игра на тимот ги оправдаа 16,9 милиони фунти што му беа исплатени на Зенит како обештетување.

Томас Вермален

Летово, поранешниот капитен на Ајакс премина во Арсенал за 8 и пол милиони фунти. Иако на прв поглед не изгледаше како вистински човек за одбраната на Арсенал, Вермален брзо се покажа како незаменлив. Демонстрираше доминација во воздушните дуели, цврсто држење на позиција, како и неверојатен шут со левата нога. Моментално е втор стрелец на клубот со 4 постигнати гола.

Дарен Бент

Веројатно најдобар потег во кариерата на Бент беше напуштањето на Тотенхем. За 10 милиони обештетување, тој замина во Сандерленд. А таму, игра како препороден. Но, по Тотенхем, сите нешта изгледаат подобро.

Шеј Гивен

Реалната вредност на Шеј Гивен е далеку над платените 6 милиони, особено затоа што во најголем дел е одговорен за високото место на табелата на неговиот нов тим Манчестер Сити. Заминувањето од Њукасл во голем дел придонесе за испаѓањето од лигата.

Антонио Валенсија

Кога сите мислеа дека Алекс Фергусон ќе ги искористи огромните финансии што ги доби за заминувањето на Роналдо на некоја супер ѕвезда како Рибери, тој се реши да одвои само 16 милиони фунти и да го доведе Антонио Валенсија од Виган. Потегот се покажа како оправдан зашто Еквадорецот се покажа како важна алка во средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Вилсон Паласиос

За 12 милиони фунти, од Виган, Паласиос премина во Тотенхем. Иронично, Арсен Венгер беше тој што на Стив Брус му го препорача овој играч за пополнување на средниот ред во Бирмингем. Потоа Паласиос го следеше Брус во Виган, а Хари Реднап во него виде цврст играч кој ќе може да ја држи средината. И не погреши. Присуството на Паласиос ја направи разликата и Тотенхем, наместо да се бори за опстанок, како вообичаено, се наоѓа на, за нив неверојатното четврто место. Иако веројатно не за долго…

- Реклама -