10 најшокантни олимписки скандали поврзани со полот

Повеќе... Во спортот скандалите со полот се случуваат многу почесто одошто
мислите. Додека е актуелен случајот со Јужноафиканска атлетичар(ка) Кастер Семенја од светското првенство во Берлин
еве и неколку други шокантани приказни поврзани со спорната полова одредница на некои познати
спортист(к)и од минатото.

Во спортот скандалите со полот се случуваат многу почесто одошто
мислите. Додека е актуелен случајот со Јужноафиканска атлетичар(ка) Кастер Семенја од светското првенство во Берлин
еве и неколку други шокантани приказни поврзани со спорната полова одредница на некои познати
спортист(к)и од минатото.

1. Dora Ratjen
enhanced-buzz-21906-1251218867-7.jpg

На Олимписките игри во Берлин во 1936, Хитлер сакаше да му ја покаже на светот супериорноста на Ариевската раса. Германката со дебел глас, која одбиваше да се тушира со другите атлетичарки, Dora Ratjen, беше германската претставничка во дисциплината скок во далечина за жени. Британската натпреварувачка, Дороти Тајлер, која освои сребрен медал, се сеќава на неа: „Се натпреварував со Дора и знаев дека е машко. Тоа се забележуваше од нејзиниот глас и градба на телото.“ Вистинскиот пол на Dora Ratjen беше откриен на железничката станица во Германија кога наводната Дора се враќаше од Европскиот Шампионат. Иако Дора била облечена во здолниште, две жени успеале некако да забележат што има под него. Беше повикан доктор и вистинскиот пол на Ratjen беше разоткриен.

2. Stella Walsh
enhanced-buzz-21878-1251218995-4.jpg

Стела Волш, полско-американска тркачка, беше најбрзата жена на светот. Таа освои златен медал во 1932 и сребрен во 1936 во трките на 100 метри. За време на нејзината кариера таа постави повеќе од 100 национални и светски рекорди и беше почестена во American Track and Field Hall of Fame. Таа живееше цел нејзин живот како жена, дури и имаше краток брак со еден Американец. Во 1980, Волш настрада случајно во вооружен грабеж во трговски центар во Кливленд. Во нејзината посмртница беше разоткриена нејзината голема тајна – дека таа има машки гениталии. Беше откриено и дека таа поседува машки и женски хромозоми.

3. Sin Kim Dan
enhanced-buzz-21899-1251221575-2.jpg

Дан го сруши рекордот за 400m и 800m во 1961/61 во женска категорија. Во 1963 во Москва, останатите натпреварувачки одбиваа да се натпреваруваат против нејзе заради тоа што изгледаше како маж. Во истото време, еден човек од Јужна Кореја тврдеше дека „таа“ е неговиот син кој исчезнал за време на војната. Задолжителниот тест за полот во интернационалната атлетика беше воведен во 1966, а заради некои причини, Син после тоа не се натпреваруваше.

4. Edinanci Silva
enhanced-buzz-21881-1251218667-12.jpg

Роден и со машки и со женски полови органи, бразилскиот џудист имаше операција во средината на 90-тите за да може да живее и да се натпреварува како жена. Според ИОК, ова и овозможи да учествува во игрите во Атланта 1966, Сиднеј 2000 и Атина во 2004. Во Сиднеј, ја порази австралијанката Натали Џенкинс, која го покрена прашањето за полот на Силва во една новинарска конференција, постојано зборувајќи за неа во машки род.

5. Tamara и Irina Press
enhanced-buzz-21897-1251219397-13.jpg

Сестрите Тамара и Ирина освоија пет олимписки златни медали за Советскиот Сојуз, и поставија 26 светски рекорди во 60-тите. Нивните кариери беа ненадејно прекинати кога половата верификација стапи на сила. Критичарите сугерирааа дека Пресови всушност биле мажи, или можеби хермафродитеи.

6. Heidi Krieger
enhanced-buzz-21897-1251219161-11.jpg

Се верува дека речиси 10.000 источногермански атлетичари биле фатени во обидите поддржани од државата да создадат раса на надчовечки комунистички спортски херои кои биле принудувани константно да конзумираат коктели од стереоиди. Една од нив е Хајди Кригер, натпреварувачка во фрлање ѓуле. Кога таа била на 16-годишна возраст, нејзиниот тренер ја ставил на режим со стероиди и таблети за контрацепција, па таа така добила на тежина, развила мускули и станала влакнеста. До 1986, на 20 години, таа беше европски шампион и олимписки носител на златен медал. Во средината на 90-тите, таа се подложи на операција за промена на полот и го смени своето име во Андреас.

7. Ewa Klobukowska
enhanced-buzz-21878-1251220278-6.jpg

Ева беше полска тркачка која го освои златниот медал на женскиот 4x100m натпревар во трчање и бронзениот медал во трчање на 100m за жени во летната Олимпијада во Токио во 1964. Клобуковска беше првата олимписка атлетичарка која „падна“ на тестот за верификација на полот заради „еден хоромозом повеќе“ и ѝ беше забрането понатаму да се натпреварува.

8. Santhi Soundarajan
enhanced-buzz-21886-1251218529-11.jpg

 

Santhi Soundarajan, тркачка на средни патеки од Индија, го освои сребрениот медал на Азиските игрите во 2006. Сепак, медалот ѝ беше одземен откако не го помина тестот за верификација на полот.

9. Mary Edith Louise Weston
enhanced-buzz-21869-1251221528-10.jpg

Mary Edith Louise Weston од Велика Британија беше најдобрата натпреварувачка во фрлање на ѓуле од 1924 до 1930, и најдобрата натпреварувачка во фрлање на копје во 1927. Таа сè уште го држи рекордот кој го постигна како преставничка на Велика Британија во фрлање ѓуле. Но, во средината на 30-тите години Мери Едит Луис Вестон стана Марк Вестон.

10. Caster Semenya
caster-semenya-picture-here-she-is-after-her-29575-1250732316-7.jpg

И така доаѓаме до најновиот скандал кој ја (го?) вклучува талентираната Јужноафиканска атлетичарка Кастер Семенја која на светското првенство во Берлин освои златен медал со убедлив настап во однос на своите конкурентки. Поради брзиот напредок на Семенја, светската атлетска федерација побара 18-годишната тркачка да направи полов тест.  Испитувањата покажале дека Семенја има трипати повеќе тестостерон отколку што е тоа вообичаено за жена.Според лекарите, присуството на машкиот хормон во големи проценти не мора да значи дека Семенја користела недозволени средства за да го затскрива полот, но сега уште повеќе ќе се засили дебатата за регуларноста на нејзиниот резултат кој го постигна во Берлин. Конечните резултати од испитувањето нема да бидат познати уште неколку недели, а дотогаш Кастер Семенја може да ужива уште некое време во златниот медал.

- Реклама -