Оскар Писториус сепак на Олимпијада! (видео)

Оскар Писториус По неверојатниот подвиг на Оскар Писториус, сепак постоеше опасност тој да биде дисквалификуван од учеството на атлетските митинзи и пред сè на Олимпијадите. За среќа, разумот надвладеа и голема е веројатноста дека ќе го гледаме неговиот настап во Лондон во 2012!

Оскар Писториус , за кого веќе неколку пати стана збор (1, 2), е човек кој се родил со недостаток на фибулата на обете нозе. Поради тешките деофрмитети, двете потколеници му биле ампутирани кога имал само 11 месеци. Наместо да се откаже од животот и неговите благодети, тој го прифатил со раширени раце. На 11 години започнал да се занимава и со спорт, најчесто со рагби, ватерполо, тенис и борење. Во јануари 2004 почнал да трча, како дел од рехабилитацијата од повредата на коленото и оттгаш е вљубеник во овој спорт кој од него направи атлестска ѕвезда.

Откако ги скрши сите рекорди во параолимписките натпреварувања, на 100, 200 и 400 метри, сонот на Оскар беше да се натпреварува на Олимписките игри во Пекинг. Меѓународната атлетска федерација го дисквалификува, потенцирајќи дека карбонфајбер протезите кои ги користи му даваат нефер предност пред останатите натпреварувачи (овозможувале 30% поголема брзина со 30% помал напор, а згора на тоа недостатокот на листови го намалувал лачењето млечна киселина која создава замор). За среќа, на 16 мај 2008 година, спортскиот арбитрарен суд во Лозана ја поништи одлуката на федерацијата заклучувајќи дека нема доволно докази за предност која Оскар би ја добил од користењето протези. Со тој акт му беше дозволено да се обиде на квалификациите за Пекинг 2008.

На квалификациите во Јужна Африка, Писториус истрча за 0.7 секунди под олимписката норма и не успеа да се квалификува. Не беше одбран ниту за штафетата 4 по 400, зашто четворица други тркачи имале подобри времиња од него. Но, Оскар Писториус не е човек кој се предава.

Со своите 22 години, Оскар има доволно време за максимално да се подготви за Олимписките игри во Лондон. Со оглед на тоа како неговите времиња во трките се подобруваа во текот на годините, никој не се сомнева дека токму тој ќе е првиот човек со хендикеп кој ќе успее да настапи на едни Олимписки игри, а можеби ќе нападне и некој од медалите.

13 јули 2007, Златна лига, Рим, 2 место
 
{youtube}1so1ZMgpg2w{/youtube}

„Губитник не е оној кој последен ќе ја заврши трката. Губитник е оној што седи дома, ја гледа трката и никогаш нема да се обиде да трча“ – Оскар Писториус

- Реклама -