Роналдињо (видео)

ronaldinhoБи сакале да ви го претставиме најдобриот светски фудбалер на денешницата – Роналдињо. Како прилог, следи неговата биографија и неколку интересни видеа.

ronaldinho-portada-fifa

 
Ronaldo de Assis Moreira(р. март 21, 1980 во Порто Алегре, Бразил) е фудбалер познат и како Ronaldinho Gaúcho поради неговото државјанство од Rio Grande do Sul областа во Бразил. Неговото име Роналдињо, португалски за „мал Роналдо“ оригинално потекнува од потребата да се разликува од неговиот сонародник, познатиот фудбалер Роналдо.
 
Во неговото детство, талентот на Роналдињо почна да цвета со неговиот делумен интерес за футсал и фудбал на плажа, кој подоцна стана опсесија за постандардизираниот фудбал. Медиумите го открија за првпат кога на само 13 години постигна 23 гола за еден локален јуниорски тим.

Во Бразилскиот фудбалски тим за прв пат настапи во 1999, каде во мечот против Венецуела го постигна победничкиот гол. Подоцна во 2002 му помогна на Бразил на Светското првенство во четврт-финалето да поентира против Англија . На 29 Јуни, 2005 во мечот против Аргентина во улога на капитен, допринесе за победата на својот тим од 4-1.

Неговата кариера започна играјќи за младиот тим на Гремио, под водство на Луиз Филипе Сколари, кој подоцна ќе стане и селектор на репрезентацијата. По неговата игра во Гремио и репрезентацијата повеќе тимови од Европа беа заинтересирани за него, така што англискот фудбалски клуб Лидс му понуди 50 мил. фунти. Сепак, тој се реши да заигра во Парис Сен-Жермен. Во наредните години овој клуб не успеа да се пласира во европските натпреварувања и Роналдињо разочаран, беше принуден да побара нов клуб.

 
Во Јуни 2003 по стапките на своите сонародници Ромарио, Роналдо и Ривалдо, Роналдињо потпиша за Барцелона за сума од 18 мил фунти. Ги оправда сите очекувања и ја искачи Барцелона на второто место во лигата сезоната 2003/04. Таа година беше одбиена понудата на Челзи за 60 милионски трансфер на бразилецот. 2003 беше прогласен за најдобар светски фудбалер според ФИФА пред Тиери Анри од Арсенал и Андриј Шевченко од Милан. Во 2005-та беше прогласен за најдобар Европски играч, како и за најдобар стрелец во Лигата на Шампионите 2004/05. Во 2005 со 956 поени беше прогласен за најдобар светски играч според ФИФА, пред Френк Лампард од Челзи кој имаше само 306 поени.

Во една прилика Роналдињо изјави: „Многу сум среќен во Барса. Неможам да ја замислам мојата среќа на друго место и нема пари што можат да го купат ова што го чувствувам сега. Се гледам себеси тука и по 10 години и се надевам дека ќе им носам радост на навивачите на Барцелона и понатаму“.

Во 2005 тој и Марио де Соуса – познат бразилски автор на комични стрипови, објавија дека спремаат стрип базиран на Роналдињо, неговиот брат и неговата мајка.

 
Роналдињо е оженет и има син по име Жоао, кој се роди во 2005-та.
 

Нешто повеќе за него:
FC Barcelona profile
FootballDatabase career stats
 
 
Специјално за вас, подготвивме неколку клипчиња за талентот на Роналдињо кои ниеден текст ни одблизу неможе да ги опише. Погледнете ги овде.

- Реклама -