Дрогба: Фудбалот во Кина е несериозен

Ако кинескиот фудбалски клуб најави тужба против, како што тврди, својот играч Дидиер Дрогба и турскиот Галатасарај, момците кои го „купија“ неговиот потпис, се чини дека нема да имаат корист од тоа.

„Шокирани сме од веста. Дрогба и понатаму е наш играч. Ќе го проследиме целиот случај до Меѓународната фудбалска организација. Мора да ги заштитиме сопствените интереси затоа што во овој случај сме измамени“, пишуваше во соопштението на кинескиот клуб Шангај Шенхуа од 30 јануари.

Меѓутоа, напаѓачот од Брегот на Слоновата коска, не гледа ништо спорно во пристапувањето кон турскиот клуб, во кој има намера да направи големи работи.

„Не постојат никакви проблеми. Потпишав договор и Галатасарај е мојот нов кулб. Нема ништо спорно во целиот случај“, изјавил Дрогба за турските медиуми.

„Ми недостасуваше сериозен фудбал. Не доаѓам во Истанбул на одмор, туку имам големи амбиции. Сакам да освојам уште една Лига на шампиони“, храбро изјавил 34-годишниот Дрогба.

Галатасарај во осминафиналето на Лигата на шампиони игра птотив германскиот Шалке 04.

- Реклама -