5 знаци оти мисли дека сте вистинската

5 знаци оти мисли дека сте вистинскатаНе ги прашувајте вашите партнери како се чувствуваат за заедничката иднина. Ова прашање секогаш ги преплашува мажите. Наместо тоа, побарајте ги едноставните знаци во однесувањето и ќе видите дали тој мисли оти сте вистинската за него.

1. Сака да ги помине празниците со вас, без разлика каде

Доколку тој се откаже од семејната традиција и сака да ги помине празниците со вашите родители или пак воопшто не мисли на семејствата и сака да биде само со вас, дома или на некое патување, тогаш размислува за создавање нови традиции и спомени со вас.

2. Самоиницијативно ве поканил на свадбата на најдобриот пријател

Моментот кога близок пријател стапува во брак е значаен за мажите. Ако ве покани на свадба на неговиот најдобар пријател, тоа значи дека сте му важна, а не само некоја девојка со која се појавил на свадбата, особено зашто таму ќе го очекуваат прашања од типот – дали вие двајца сте следни? Ако сака да сте таму и е возбуден што сте прифатиле, тоа значи дека и самиот размислувал за сличен чекор.

3. Ја спомнал синтагмата „нашите деца“

Во принцип, мажите не ни помислуваат да имаат деца, до моментот кога ќе бидат сигурни дека ја нашле вистинската девојка. Ако во некој случајно одбран момент тој спомне: „Нашите деца нема да бидат вака невоспитани“, тогаш не само што размислувал за тоа, туку и очекува да се случи.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

4. Се расплакал пред вас

Без разлика дали се расплакал заради вас или затоа што некој починал, самиот чин на плачење значи дека не му претставува проблем да биде ранлив пред вас и да ја тргне илузијата на машка неповредливост. Планира да минува низ убавите и лошите моменти со вас крај него, па затоа му е важно да знае дали неговата ранливост ќе биде соодветно прифатена.

5. Одеднаш станал поодговорен со финансиите

Колку и да звучи старомодно, мажите сакаат да се финансиски сигурни пред да се одлучат да основаат семејство. Па така, ако забележите дека одеднаш унапредувањето му е најважната работа на светот или пак се обидува да заштеди што е можно повеќе пари во банка, речиси е сигурно дека планира да ги вложи тие финансии во нечија заедничка иднина – вашата.

- Реклама -