5 желби на вљубените пред да станат родители

Вљубените парови во целиот свет сакаат да се почувствуваат стабилни, како финансиски, така и емоционално пред  да станат родители. Меѓу листата за „најбараните нешта пред бебе” прво се забележува стремежот на партнерите да ја формализираат  врската и да го остварат својот сон со венчавка. На второ место по значење, а за некои дури и на прво, е поседувањето на сопствениот дом, во кој што новото семејство мирно ќе може да ги одгледува  наследниците . Желба број три се голем број патувања, купони и забава пред семејните одмори  кои одат во комплет со купишта лопатки, гумени базени и песочни замоци.

 

Завршување со образованието исто така е меѓу приоритетите на паровите пред да се дополни  семејството.

Прочитајте и:  Психолог тврди дека строгоста не ги зајакнува децата: „Тоа е една од најчестите заблуди“

Меѓу скриените соништа на идните мајки е задржување на тежината и дури слабеење пред најсигурното дебелеење за време на бременоста, а исто така и доволно финансиски можности, со кои ќе  си дозволат дадилка барем за првите три години по раѓањето на бебето. Дали би додале некоја желба кон наведените?

- Реклама -