5 видови на храна кои може да предизвикаат појава на рак

Вистината е дека многу прехранбени продукти кои се користат во секојдневната исхрана, го зголемуваат ризикот за рак, а некои од нив значително. Во продолжение еве ги 5-те најкритични јадења што можат да придонесат за појава на оваа несакана болест…

1) Генетски модифицирана храна (ГМO)

ГМO нема место во било која диета која се однесува на превенција од рак, особено сега кога се докажа дека хемикалиите кои се користат за одгледување на овие растенија предизвикуваат брз раст на туморот. Сепак, ризикот можете да го избегнете со барање на сертифицирани органски производи.

2) Преработки од месо

Повеќето преработени месни производи, вклучувајќи месен нарезок, сланина, колбаси, виршли… содржат хемиски конзерванси кои ги прават да изгледаат постојано свежи и привлечни, но тие, исто така, може да предизвикаат рак.

Прочитајте и:  Најлошите јаглехидрати кои би можеле да го зголемат ризикот од рак, според нутриционист

snacks_tray

3) Пуканки за микробранова

Можеби се лесни за правење, но преполни се со хемикалии кои се поврзани не само со предизвикување на неплодност, но исто така и со појава на рак на црниот дроб, тестисите и панкреасот. Исто така, ваквите пуканки содржат хемикалии кои може да предизвикаат оштетување и рак на белите дробови.

4) Сокови во прав

Исто како обработените месни производи, се покажа дека и овие сокови можат да ја поттикнат појавата на рак. Тие содржат големи количини на шеќер, хемикалии и бои, кои буквално ги хранат клетките на ракот.

5) “Диетална” храна и пијалаци

Дури се и полоши отколку соковите во прав. Повеќе од 20 одделни истражувања покажаа дека „аспартамот“, еден од најчестите вештачки засладувачи, предизвикува голем број на болести вклучувајќи вродени дефекти и рак.

- Реклама -