Видео игрите станаа првиот соодветен медиум за хорор жанрот, едноставно поради фактот што се единствениот медиум кој може да ве смести во центарот на сценариото. Иако има луѓе кои тврдат дека видео игрите не можат да предизвиукаат вистински емоции, секој што играл некоја од овие игри ќе ви потврди дека тие можат да поттикнат вистински страв.
Видео игрите станаа првиот соодветен медиум за хорор жанрот, едноставно поради фактот што се единствениот медиум кој може да ве смести во центарот на сценариото. Иако има луѓе кои тврдат дека видео игрите не можат да предизвиукаат вистински емоции, секој што играл некоја од овие игри ќе ви потврди дека тие можат да поттикнат вистински страв.
Metro 2033
Оваа игра е одличен пример за тоа како треба да се постави ритамот и атмосферата во хорор игра. Ова е постигнато со контрастот помеѓу тензични моменти кои ве тераат да се криете и високо адреналинската акција, додека се движите низ мрачните разрушени тунели и опасните улици на пост апокалиптична Русија. Моменти вредни за спомнување се нападите од голем број на мутанти кои ќе поттикнат паника, морничавата тура низ опседнат дел од метрото како и напнатата потрага низ разрушена библиотека во која живеат навидум незапирливи примати.
Doom 3
Ова најново издание ја внесе класичната серија во 21-от век. Обновената графика нуди многу позадоволувачки и пострашни локации за вашата борба против демоните. Некои гејмери тврдат дека атмосферата немала никаков ефект врз нив, но за повеќето искуството било екстремно страшно. Темните ходници, деформираните непријатели и исчекувањето на следната шокантна средба создаваат навистина специјална атмосфера. Дополнителен придонес кон ова имаше и нереалистичната, но несомнено ефикасна, неможност да се користи оружје и батериска ламба истовремено.
Resident Evil: Nemesis
Ако се игра на најниското ниво на тежина, со неограничен пристап до муниција и прибори за прва помош, оваа игра беше многу забавна. Но во најтешката форма, каде што секој куршум и секоја тревка се важен луксуз и каде што сè што ве дели од смртта е една лоша проценка, оваа прошетка низ напуштениот Ракун Сити сигурно ќе ве натера да почнете да гризете нокти.
Најстрашниот елемент сепак е суштеството Немесис – огромен џин кој упорно сака да ве убие токму вас, со неговото деформирано лице и нормално, базуката. Фактот што ве брка од соба во соба и е потребно цел камион муниција за да се убие, ве тера со страв да мислите на неговото следно појавување.
Condemned: Criminal Origins
Вистинска потценета класика. Во улогата на криминалистот Етан Томас, вашата задача е да бркате непознат сериски убиец низ улиците на напуштен и разрушен град, притоа бранејќи се од нападите на полудени бездомници и патејќи од чудни халуцинации. Одличниот звук и трагата од мрачни злосторства придонесуваат кон атмосфера на постојан страв. Најдобриот елемент во играта се извртените верзии на познати локации, како на пример, стоковната куќа со куклите кои оживуваат и морничавите празнични песни.
Но најстрашна најверојатна е последната потрага низ изолираната куќа оддалечена од градот. Посебно моментот кога играчот мора, освен ако сака да се откаже од играта, да ги следи трагите кои водат во мрачната визба.
Silent Hill
Вториот дел најверојатно е подобриот, но во свое време, Silent Hill беше револуција во хорор жанрот. Со стандардниот елемент, обичен човек сместен во ужасна ситуација, од играчот се бараше да го истражува опседнатиот град во кој постојано има магла (и неговата феноменално извртена паралелна верзија), притоа борејќи се против демони и неописливо ужасни чудовишта. Пример за атмосферата може да биде почетното истражување на комплетно мрачниот сокак, опремени само со џебната батериска ламба која едвај работи. Потоа може да се спомне и радиото кое шушти кога има нешто во близина, и комплицираните контроли кои ве потсетуваат дека сте обичен човек вооружен со цевка, а не некој тип на супер војник.