5 трикови против надуван стомак

Колку пати ви се случило да не можете да влезете во панталоните што ги носите секој ден поради надуван стомак? Не грижете се, не сте се поправиле експресно туку станува збор за надуван стомак за кој најчесто е виновен вашиот дигестивен систем. Ви претставуваме 5 трикови со помош на кои преку ноќ ќе се чувствувате послабо:

clothes-small1. Почеток на денот

Чувството на умор со кое понекогаш се будиме го има и нашето тело затоа денот треба да го почнеме со цели житарки. Измешајте јогурт, млеко со пробиотик со цели житарици или посегнете по добитната комбинација од житарки и суво овошје. Ваквиот појадок е полн со влакна и минерали што ќе го разбудат вашиот метаболизам и дигестивен систем.

2. Зеленчук

Иако свежиот необработен зеленчук е многу здрав тој може да предизвика надуеност. Морковот, пиперките, зелката или празот наместо како свежа салата подгответе ги варени или кратко издинстани. Така подготвениот зеленчук нема да ги изгуби нутритивните вредности, ќе има побогат вкус и телото полесно ќе го свари.

3. Зачини

Ако сакате преку ноќ да останете без стомак на кратко заборавете на лутите зачини. Биберот, чилито или сосовите од кои ви се вцрвенуваат очите заменете ги со медитерански зачини како босилок, рузмарин, оригано и нане. Лутите зачини предизвикуваат зголемено лачење на желудочната киселина што може да го иритира желудникот, но и цревата и да предизвика надуеност.

4. Хидратација

glass-of-water-537x355

Некои ќе помислат дека пиењето големи количини вода ќе го наполни стомакот и со самото тоа ќе го зголеми, но водата е вашиот најдобар пријател. Телото кое е хидритирано работи побрзо и подобро, а тоа се однесува и на варењето. Во чаша вода додајте многу малку рендан ѓумбир што дополнително ќе го разбуди дигестивниот тракт.

5. Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи како сорбитол, ксилитол или манитол што ги има во пијалоците, гумите за џвакање и колачите можеби се поздрави од рафинираниот шеќер, но затоа тешко се варат и предизвикуваат надуеност. Ако сакате да засладите некој пијалок подобро посегнете по лажица мед, сируп од агаве или кокосов шеќер.

- Реклама -