Иако секој човек има свои, специфични преференци кога станува збор за изборот на партнер, сепак, постојат некои типови карактери кои треба да ги одбегнувате, за подоцна да не зажалите. Следи листата на топ 5 карактери од кои треба да стоите што подалеку, кога се работи за романтичните врски.
Иако секој човек има свои, специфични преференци кога станува збор за изборот на партнер, сепак, постојат некои типови карактери кои треба да ги одбегнувате, за подоцна да не зажалите. Следи листата на топ 5 карактери од кои треба да стоите што подалеку, кога се работи за романтичните врски:
5. „Хм, пријател…“ тип
Се работи за луѓе кои секогаш ве претсавуваат како познаници со недефиниран статус. Најчесто при запознавањето со некого ќе кажат: „Ова ми е, хм, пријател/ка“. Одеднаш, статусот на нов/а девојка/момче се снижува на хм, пријател/ка, секогаш кога ќе налетате на некој негов поранешен партнер кој е или психопат или пак некој со кој таа/тој повторно сака да биде заедно.
4. Камелеон
Ова е тип на човек кој штом ќе започне да ви биде партнер ќе почне со бавно но сигурно прифаќање на вашите навики, ставови, карактеристики… Иако во прв момент ова можеби изгледа ласкаво, по некое време, кога ќе загуби смисла за себе, кога веќе нема да знаете каде отишол човекот кој сте го запознале, тој ќе изгледа како помалку убедлива верзија на вашата личност, што ефективно, секојдневно ќе ве потсетува на сите нешта што ги мразите кај себеси.
3. Сериски моногамец
Постојат луѓе кои ги менуваат партнерите како што менуваат облека – речиси секојдневно. Тие сакаат моногамност, но само во куси и интензивни интервали. Багажот го чуваат сокриен дома, а раскинувањата ги прифаќаат со неверојатна леснотија. Да, најчесто тоа се луѓе кои сакаат долги прошетки, но не се особено пребирливи околу тоа чија рака ја држат за време на таа прошетка. Затоа, никогаш нема да можете да бидете сигурни дали е заинтересиран за вас или само идејата за врска.
2. Обврскофоб
Тоа се луѓето што смртно се исплашени од поими како: сериозна врска, живеење заедно, моногамија, обврски – т.е. сè она што ја ограничува слободата за случаен секс со непознати, без обврски. Речиси секогаш таквите луѓе зрачат со сексапил, но треба да знаете дека раскинувањата болат повеќе од обично.
1. Блогер
Да не се разбереме погрешно, овде не станува збор за сите блогери, зашто во денешно време, имањето и водење блог е речиси еднакво како имање e-mail адреса. Но, постои еден тип на блогер кој води хаотичен личен дневник на интернет. Во него, постојано зборува за своите проблеми, се жали, кажува интимни детали од вашиот живот, постира слики, зборува за нештата кои се случуваат во спалната, јавно ги објавува мислите за некој/а нов/а во неговиот живот што му го има заробено вниманието итн. Овој тип на личност не треба да го избегнувате единствено ако ви се допаѓа идејата целиот живот да ви стане јавен.