Технологијата напредува со неверојатна брзина. Производите кои до неодамна беа сметани за безвременски икони стануваат бескорисни, а производите претставени пред само неколку години се заменети од помали, поефикасни направи кои ја вршат истата функција, само подобро. Еве неколку предвидувања за технологија која ќе им се придружи на видео касетите и CRT телевизорите во наредните десетина години.
Технологијата напредува со неверојатна брзина. Производите кои до неодамна беа сметани за безвременски икони стануваат бескорисни, а производите претставени пред само неколку години се заменети од помали, поефикасни направи кои ја вршат истата функција, само подобро. Еве неколку предвидувања за технологија која ќе им се придружи на видео касетите и CRT телевизорите во наредните десетина години.
Фиксен телефон
Се сеќавате колку бевте кул кога го купивте првиот бежичен телефон? Светот ви беше на дланка, под услов да не моравте да излезете од дома. Но, што може да промени само една деценија. Денес, можете да тврдите дека телефонот е веќе изумрен, но сè уште е само загрозен вид. Најверојатно не можете да се сетите дали некој од вашите пријатели има сопствен фиксен телефон, но ако ги вброите и родителите, тогаш речиси секој има по еден? Но, бројот на луѓе кои имаат фиксен телефон само ќе се намалува бидејќи сè повеќе луѓе не гледаат потреба да поседуваат фиксен телефон во времето на мобилни телефони, СМС пораки и електронска пошта. Повеќето експерти очекуваат дека до 2020 година фиксните телефони ќе можат да се најдат само во канцеларии.
Мобилен телефон
Не, комуницирањето преку интернет нема да ги замени мобилните телефони. Ни па постои опасност од појава на некој нов начин за комуницирање. Но, со сè пошироката употреба на „смарт“ телефоните, традиционалните мобилни телефони полека ќе бидат исфрлени од производство. Како што смарт телефоните стануваат попопуларни и поефтини за произведување, не постои причина зошто сите телефони да не бидат смарт телефони.
Факс
Како и фиксните телефони, и факс машините се големи, грди машини чија корисност полека но сигурно се намалува. Да, кога се работи за документи и договори, тогаш сè уште ќе има потреба од физичка копија. Но договорите можат да се добијат и на рака. Факс машините се една од најфрустрирачките направи кои многу трошат, имаат потреба од постојано одржување и поправки, нешто што не се совпаѓа со технолошката иднина. Со се поголемото прифаќање на дигитални потписи, очекувајте дека просечниот бизнисмен ќе го искористи било кој од горенаведените причини за да ја уништи својата античка реликвија позната како „факс машина“.
Нетбук
Со сè поголемиот успех на iPad, и сите таблет компјутери кои треба да се појават на пазарот во нареднава година, јасно е дека потрошувачите и произведувачите го подржуваат овој формат на преносни компјутери. Тој е потенок, поубав и нуди повеќе од традиционален нетбук, а ако ви треба физичка тастатура, тогаш слободно можете да приклучите преку USB кога сакате. Ако ви треба за сериозна работа, тогаш постојат лаптоп и десктоп компјутери. Зошто воопшто имате потреба од нетбук? Во мометнто кога на пазарот ќе се појават поефтини таблет компјутери, речиси сите ние ќе заборавиме дека концептот нетбук воопшто постоел.
Blu-ray диск
Им се случи на видео касетите, а DVD дисковите во моментов се во опасност. Што значи ако мислите дека Blu-ray дисковите се имуни на изумирање, ќе бидете разочарани. Да, тие нудат подобар квалитет на слика и звук во моментов, но сервисите за стримување брзо им се прибижуваат. Со сè побрзиот интернет и со порастот на сервисите за стримување се повеќе ќе ги заменуваат дисковите кои зафаќаат простор и собираат прав со стримување.
На почетокот на оваа година, CNET најави дека Netflix ќе овозможи стримување на видео со 1080p до крајот на годинава. За жал претставници на Netflix го демантираа тој извештај, но иако 1080p нема да бидат возможни оваа година, информациите наведуваат кон тоа дека овој сон наскоро ќе стане реалност. Тогаш зошто да фрлате пари на голема колекција на филмови кои најверојатно ќе ги гледате само еднаш годишно?