Од мноштвото козметички производи ги издвојуваме оние без кои ниту една жена не може.
Парфимериите се преполни со козметички производи на разни брендови и вие едноставно не знаете што да купите. Како и секоја жена постојано сакате нешто ново кога се во прашање производите за нега, но секако, желбите и можностите понекогаш не се во склад.
Меѓутоа, верувале или не секогаш ви се неопходни само неколку ситници. Еве кои:
1.Крема со заштитен фактор: без оглед на годишното време заштитиниот фактор е задолжителен
2.Коректор: без разлика дали се работи за криење на подочниците или мозолчињата, коректорот е еден од најаважните производи во козметичката торбичка на секоја жена
3.Балсам за усни: за да избегнете суви и испукани усни никогаш не излегувајте од дома без балсам. Освен што заштитува, може да послужи како одлична подлога за кармин
4.Маскара: овој производ ги отвора очите, дава длабочина на погледот и волумен на трепките.
5.Марамчиња за чистење шминка: идеални се во моментите кога немате доволно време за темелно чистење, а се идеален сојузник и за на работа и за на патувања