5 работи кои не сте ги знаеле за пиратите

1239825305.jpg Во литературата и филмот, пиратите се опишани како насилници, крадци, убијци и неранимајковци како Џек Спероу. Но дали навистина тие биле такви? Што всушност знаеме за нив? Па, еве 5 работи за кои сигурно не сте знаеле.


Во литературата и филмот, пиратите се опишани како насилници, крадци, убијци и неранимајковци како Џек Спероу. Но дали навистина тие биле такви? Што всушност знаеме за нив? Па, еве 5 работи за кои сигурно не сте знаеле.

pirates_of_the_caribbean_015.jpg

 

1. Пиратите ретко го закопувале своето богатство.

Всушност, само еден познат пример за закопување има – случајот со Вилијам Кид, во доцните 1600. Кралската морнарица го обвинила Кид за пиратство и легендата е дека тој го закопал своето богатство на Лонг Ајленд пред да се соочи со судењето во Њујорк. Мислел дека со тоа тој ќе добие време, но го обесиле како и да е, а богатството останало закопано. Приказните како „Островот со богатството“ ја земале приказната на Кид и ја популазирале идејата за закопано богатство.
Во реалноста, пиратите краделе најчесто храна, пијачки, облека и парчиња за тргување. Ништо од ова не би вредело под земја.

2. Пиратите ја сакале демократијата.

Анархијата не работи на морињата кога ја напаѓате Кралската морнарица. Пиратите мразеле авторитет, но воспоставени правила биле потребни за да се преживее недели поминати на море. Често, екипажот гласал за капетан и за судија. Тие гласале за се, дури и за на какви делови ќе биде поделно богатството. Капетанот имал апсолутна моќ само за време на битка. Наместо бунт, тие често гласале за друг капетан, а стариот повторно го примале во екипажот.

3. Пиратите имале надомест.

 Кога тие ја пеат песната “It’s a pirate’s life for me,, тие го мислат тоа. Во работата каде што се бара пиење, разбојништво и превез на окото – тие си се грижеле еден за друг. Дури и имале пресметано кој колку треба да добие, зависно од оштетата:
 – Загуба на десна рака: 600 парчиња(злато, најверојатно)
 – Лева рака: 500
 – Десна нога: 500
 – Лева нога: 400
 – Око: 100
 – Прст: 100
Некои дури и плаќале за оштетена дрвена нога. Добра дрвена нога тешко се наоѓала тоа време.

4. Пиратите пиеле рум за да спречат скорбут.

Пиратите правеле вид на коктел со зашеќерена вода, зелен лимон и рум. Витаминот Ц во зелениот лимон спречувал скорбут кај пиратите, болест која предизвикува забите да паднат – а на пиратите им требале забите за да ги гризаат непријателите. Па, долго пред Мексиканците да го користат зелениот лимон за нивните маргарити, пиратите го користеле за нивните коктели. Дури и Морнарицата им дава нешто слично на тој коктел на своите морнари да пијат еднаш дневно. Пиратите го пиеле кога сакале.

5. Поради пиратите годишно се губат 16 билиони долари.

Од сите работи кои не сте ги знаеле за пиратите, ова можеби ќе биде најизненадувачки: тоа е расцветан бизнис. После години повлекување, пиратите напаѓале 10% во 2007 и во 2008 повторно со 111 инциденти и 42 оштетени бродови. Оваа година се смета дека ќе биде голема година за пиратството: грубо кажано, 10 пати повеќе напади се случиле првите два месеца во 2009 споредени со истиот период лани. Денеска пиратите „работат“ со глисери и брзи бродови, наместо дрвени бродови.
 

- Реклама -