5 причини зошто треба да јадете јајца

Иако долго време носат лоша репутација како причинители на повишен холестерол, современите студии покажуваат дека умереното конзумирање јајца нема лошо влијание по срцето.

Еве пет причини зошто вашата секојдневна исхрана треба да содржи јајца:

1. Со јајца до убави бебиња

Тие се задолжителен дел од исхраната на трудниците затоа што се полни со холин и витамин Б, неопходни за развој на бебешкиот мозок. Холинот се поврзува и со намалениот ризик за ментални пореметувања кај бебињата, особено Даунов синдром и деменција.

2. Јајцата го инхибираат гладот

Ако јадете високопротеински доручек, ќе имате помала потреба да јадете нешто по 19 часот навечер. Ситоста ќе ве следи во текот на целиот ден. Ако сте на диета, имајте го ова на ум.

3. Ги подобруваат рефлексите

Тирозинот, амино-киселината што ја има во јајцата, ги помага рефлексите. „Тирозин ефектот“ може да ви помогне во секојдневните ситуации – на пример во ненадејни ситуации во сообраќајот.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

4. Го намалуваат ризикот од рак

Антиоксидантите во јајцата го намалуваат ризикот од рак и срцеви болести. Иако со варење го смалувате за половина, остатокот можете да го добиете преку внесување на јаболка во исхраната.

5. Го намалуваат крвниот притисок

Протеинот може да помогне во снижување на крвниот притисок делувајќи како инхибитор сличен на оној во лековите за намалување на притисокот. Нискиот крвен притисок значи помал ризик од срцеви заболувања.

Јајцата не морате да ги јадете само за доручек. Можете да подготвите неколку, а да ги јадете во текот на денот. Јајцата се супер гориво што треба да се користи пред трчањето. Но, внимавајте да не претерате – комбинирајте ги со многу зеленчук и овошје.

- Реклама -