5 показатели дека не сте среќни

Среќа Среќата е апстрактен поим кој е бескрајно релативен и кој сите го доживуваат на поинаков начин. Но, едно е заедничко за сите. Кога не сте среќни, другите околу вас можат да го забележат тоа, дури и во ситуациите кога и сами не сте свесни за тоа. Во продолжение – петте најсилни идникатори оти не сте среќни.


Среќата е апстрактен поим кој е бескрајно релативен и кој сите го
доживуваат на поинаков начин. Но, едно е заедничко за сите. Кога не сте
среќни, другите околу вас можат да го забележат тоа, дури и во
ситуациите кога и сами не сте свесни за тоа. Во продолжение – петте
најсилни идникатори оти не сте среќни:

Среќа1. Гледате премногу телевизија

Последните истражувања покажаа дека посреќните луѓе, без разлика на демографските разлики (пол, националност, возраст, степен на образование, брачен статус итн.) гледаат до 30% помалку телевизија од оние што не се среќни.

2. Немате добри односи со други луѓе

Сите досегашни студии го покажаа истото – луѓето со поширок круг на пријатели секогаш се посреќни од останатите. Луѓето во брак почесто кажуваат дека се среќни од оние што се сами. Немањето добри односи со голем број луѓе, т.е. алиенацијата носи само повеќе оттуѓување, избегнување нови контакти и на крајот – поголем недостаток на среќа.

3. Не можете да ги контролирате нивоата на стресот

Научниците го забележаа глобалниот проблем со зголемувањето на нивото на стрес, особено кај жените. Една студија покажа оти мажите се за нијанса посреќни од жените, зашто одвојуваат помалку време и енергија за непријатни задачи (од типот на плаќање сметки, правење пресметки и сл.). Иако стресот може да послужи како добар мотиватор, на долги патеки, речиси сигурно ќе ви го намали нивото на среќата.

4. Постојано сте во потрага по задоволство

Задоволството е, како што сите знаеме, моментално и неодржливо. За да не дојде до забуни, овде не станува збор за задоволство од типот на „задоволен сум каков ми е животот во моментов“. Се говори за она задоволство што наликува на задоволството од употреба на дрога, но кое можете да го добивате од најразлични, банални нешта – прекумерно купување, јадење екстравагантни јадења и сл. Но запомнете, доколку сте во постојана потрага по задоволство, тоа значи дека постојано ќе тргнувате од недостаток на нешто, наместо од изобилство.

5. Не спиете доволно

Во студија со преку 1000 испитаници, како најголем индикатор за недостаток на среќа, веднаш по нивото на стрес, се покажал недостатокот на сон. Ова е сосема јасно. Само помислете колку добро се чувствувате во оние периоди од животот кога сте спиеле редовно и доволно долго.

- Реклама -