5 нешта кои не сте ги знаеле за Јужноафриканската Република

JARДодека ЈАР ужива во привилигијата да биде домаќин на еден од најголемите спортски настани, прочитајте неколку интересни факти за оваа земја кои можеби не сте ги знаеле.


juzna_afrika_giДодека ЈАР ужива во привилигијата да биде домаќин на еден од најголемите спортски настани, прочитајте неколку интересни факти за оваа земја кои можеби не сте ги знаеле.

1. ЈАР има 11 официјални јазици
IsiZulu, isiXhosa, Afrikaans, Sesotho, англискиот и Setswana се најраширени јазици, додека siSwati, isiNdebele, Sesotho, Tshivenda и Xitsonga ги заокружуваат 11-те официјални јазици. isiZulu е Bantu јазик кој се користи со латинично писмо, а воедно е и јазик на народот Зулу, а го разбира половина од популацијата во републиката. Освен 11 јазици, ЈАР има и три главни градови: Преторија, седиштето на извршната власт,  Кејптаун, законодавното седиште и Блумфонтејн – седиштето на судската власт.

2. Симболот на првенството, вувузелата, веројатно не потекнува оd ЈАР
Навивачкото лудило на СП не би било комплетно без вувузелата. Дувачкиот инструмент, долг околу 1 метар, групно произведува звук на рој пчели или оси. И додека официјално се прифаќа дека вувузелата е потомок на куду рогот, кој им служел на селаните за повикување на состаноци, ова сепак не е општоприфатен факт. Изгледа дека рогот води потекло од САД.

3. ЈАР е колевка на човештвото
Уште една работа која можеби не сте ја знаеле за ЈАР е дека сите потекнуваме од таму. Околу половина час возење северозападно од Јоханесбург, се наоѓа 180 милји голема област преполана со пештери. Пред 10 години УНЕСКО таа област ја прогласи за Светско наследство. Причината? Нигде на светот археолозите немаат откриено толку многу фосили од хоминиди како во тие, 3,5 милиони години стари, пештери.

Прочитајте и:  Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

4. ЈАР прва ја одобри употребата на вештачката крв
Во 2001 властите се надеваа дека нашле одговор на проблемот со залихите од крв, со оглед на тоа дека една четвртина и повеќе од популацијата беше заразана со ХИВ или хепатитис Ц. Одговорот беше американскиот производ Hemopure, направен врз база на кравја крв, а кој ветуваше дека ќе го продолжи животот на клетките од 6 недели, па до две години. За жал, Hemopure, не ги исполни очекувањата, па неговата употреба беше прекината.

5. Уставот на ЈАР ја штити монархијата
И покрај статусот на демократски избрана народна власт, провинцијата KwaZulu-Natal има монархија која е заштитена со уставот. Кралот на Зулу нацијата ужива привилегии кои му ги дава владата. Има 27 деца, шест жени, а секоја година може да има нова, бидејќи така налага традицијата. И покрај тоа, нема директна политичка моќ, но има влијание, посебно меѓу припадниците на народот Зулу.

- Реклама -