Многу луѓе за Канада мислат дека е или голема замрзната пустелија, или место во кое живеат пријателски и добри домородци. Но земјата има долга и богата историја на легендарни чудовишта. Некои од овие суштества потекнуваат од приказни и митови од домородците кои сè уште живеат во државата. Но има и такви кои дошле од Европа заедно со колонистите.
Многу луѓе за Канада мислат дека е или голема замрзната пустелија, или место во кое живеат пријателски и добри домородци. Но земјата има долга и богата историја на легендарни чудовишта. Некои од овие суштества потекнуваат од приказни и митови од домородците кои сè уште живеат во државата. Но има и такви кои дошле од Европа заедно со колонистите.
Приказната за сасквач е проширена низ шумите на целиот Северно Американски континент. Американците најчесто го викаат Биг Фут, најголемиот дел од Канаѓаните го користат името кое потекнува од домородниот јазик Салиш и значи „влакнест човек“ или „див човек“. Физичкиот опис на ова суштество не се менува многу на територијата на цела Канада, втората по големина држава на Земјата. Овие екстремно влакнести суштества кои личат на големи човеколики мајмуни се многу таинствени. Постојат само неколку фотографии, видеа или друг тип на докази кои посочуваат на постоењето на овие суштества. Некои од најсилните докази за постоењето на сасквач биле отфрлени откако било докажано дека се фабрикувани, што само им прави проблеми на оние кои навистина сакаат да го најдат суштеството.
Во длабочините на езерото Оканаган, живее водено чудовиште наречено Огопого. Веќе повеќе од еден век ова суштество ја поттикнува фантазијата и на локалното население и на посетителите. Езерото Оканаган всушност е многу мало во поглед на површина и количина на вода, со ширина од само 5 километри и должина од околу 135 километри. Локалните домородци биле првите кои му дале име на суштеството, тие го нарекле Наитака, што во превод значи „Езерски ѓавол“. Суштеството првпат било пријавено во 1872 година. Од тогаш повеќе луѓе имаат изјавено дека го виделе. Луѓето кои сè уште живеат крај брегот на езерото го опишуваат како суштество слично на змија, со повеќе грбки и глава слична како на коњ.
Луп гару е француско име кое преведено значи врколак. Па лесно е да се погоди дека ова е канадска легенда донесена од француски доселеници во околината на Квебек. Стариот француски фолклор очигледно бил полн со легенди и приказни инспирирани од волци, и особено луѓе кои се претвараат во волци. Природно големиот број на волци во Новиот Свет ги претворил овие приказни во нешто подетално, кое подоцна било искомбинирано и со големиот број домородни приказни за врколаци, со што приказната за луп гару станала попозната и попoпуларна во Новиот Свет отколку оригиналот во Франција. Дури и денес, во изолираните рурални области во Квебек има приказни за волци со облик на луѓе кои напаѓаат добиток а некогаш дури и луѓе.
Кадборосаурусот е морска змија која наводно живее на пацифичкиот брег на Северна Америка. Името на ова суштество потекнува од заливот Кадборо кој се наоѓа во Викторија, Британска Колумбија. Кадборосаурусот најчесто е опишан како другите мистериозни езерски змии во светот како Неси или Огопого (која исто така се наоѓа во Британска Колумбија). Единствената примарна разлика е што Кадборосаурусот наводно има големи перки на опашот кои формираат широка опашка погодна за брзо движење. Во минатите 200 години, имало околу 300 пријави од луѓе кои тврделе дека го виделе суштеството, примарно во близината на Британска Колумбија, но и на југ, кај Сан Франциско во Калифорнија.
Канада си ги сака своите езерски чудовишта. Разбирливо со оглед на тоа што во земјата се наоѓа најголемата количина на слатка вода, во илјадници езера кои би можеле да кријат некое мистериозно суштество. Наводно во длабоките води на езерото Шамплен, кое се наоѓа помеѓу канадската провинција Квебек и американските држави Њујорк и Вермонт, живее суштество кое локалното население го нарекле Чемп, по езерото во кое живее. Чемп прв пат бил забележан во средината на деветнаесетиот век, но кратко видео направено од двајца локални рибари во 2008 година го направи славен во целиот свет.