5 личности кои може да ве пребараат на Google и што ќе најдат

До пред 20 години единствениот начин да најдеме некој беше телефонскиот именик. Тогаш имавме повеќе приватност. Светот денес е потполно сменет во поглед на ова: ги имаме пребарувачите и социјалните мрежи и многу работи можеме да дознаеме преку нив.

Кој може да Ве пребарува

Потенцијални работодавци. Барате работа? Сигурно ќе бидете мета на потенцијални работодавци каде сте пратиле CV или ако сте лице кои ги има потребните квалификации.

Потенцијални вработени. Имате оглас за работа? И Вие не сте исклучени од вакво пребарување. Оние кои би одговориле на огласот ја пребаруваат Вашата компанија и Вашето име. Доколку сте биле нефер кон поранешен вработен, тој можеби пишал некаде на интернет и тоа лесно може да се најде, а тешко да се отстрани.

Љубопитни членови на Вашето семејство, пријатели, бивши и други љубопитни кои Ве познаваат. Најопширна категорија, која од љубопитност пребарува се што може за Вас – каде работите, со кого се дружите, која партиска определба ја имате и слично.

Што ќе најде

Некој друг со исто име. Доколку немате уникатно име, тоа е доста веројатно, а може дури и да е некој попознат од Вас. Не е така лошо ако е некој познат фудбалер или филмска ѕвезда, помалку среќни сте ако е некој криминалец.

Профили на социјални мрежи. Facebook, Twitter, LinkedIn, Google+, Pinterest, YouTube и профили на други социјални мрежи може да се појават во пребарувањата. Единствен спас е да ги смените прилагодувањата на Вашиот профил да не се појавува јавно.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Лажни профили на социјални мрежи. Внимавајте, ако Вашето име не е често, во овој случај некој можеби го злоупотребил Вашиот идентитет.

Работите кои сте ги пишале онлајн. Ако пишувате статии, истражувања, дури и ако коментирате нечија друга работа. Добро е само доколку се гордеете со тоа.

Работите кои други ги пишале онлајн. Вашето име може да биде дел од нешта кои и самите не сте ги напишае онлајн. Некој можеби го спомнал Вашето име во посвета, статија и слично.

Ваши слики. Е овде можеби е и најинтересно: ќе добиете слики поставени од Вас, од други, од други со слични имиња, од постови каде сте коментирале и слично.

Сметки на веб страници кои сте заборавиле дека ги имате. Се сеќавате дека отворивте профил на една непозната страница? Ако Вие не, Google се сеќава.

Иако имате толку многу информаици онлајн, Google не се труди да ги покаже најважните прво, т.е. тие кои треа да бидат прикажани. Кога последен пат си го пребаравте Вашето име и што најдовте? Доколку не Ви се допаѓа што гледате, можете да користите услуги како Brand Yourself.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -