Човечкото тело има неколку непотребни делови. Тие органи или структури не се потребни за сериозна функција, или атрофирале до тој степен што веќе ја немаат оригиналната функција.
Чарлс Дарвин ги посочил овие органи кај луѓето и другите животни како доказ за еволуција. Со текот на времето и споредувањето на овие органи со органи со слични функционални органи кај другите животни биолозите заклучиле дека две различни животни мора да имаат заеднички предок.
Опашката
Дедо немаше опашка, но ако се вратиме назад доволно некој предок имал. Други цицачи ги користат своите опашки за рамнотежа, но кога луѓето се исправиле опашката станала непотребна и еволуцијата ја претворила во серија споени пршлени познати како coccyx.
Брадавици кај мажи
Ова можеби е изненадувачко. Мажите имаат брадавици бидејќи во матката полот на фетусот не е одреден. Во основа секој фетус започнува како женски. Со текот на времето влијанието на тестостеронот го претвара фетусот да стане машки или да остане женски. Мора да се напомене дека некои мажи можат да создадат млеко и некои мажи добиваат рак на градите.
Arrectores pilorum и телесни влакна
Морниците не се само знак за студ. Кај многу животни стравот и конфронтацијата предизвикуваат активирање на мускули познати како аrector pili, со што влакната се исправуваат и животното изгледа поголемо и позаканувачки. Тоа би било корисно за нашите далечни претци.
Умници
Ништо повеќе од непотребна болка. Умниците најверојатно некогаш имале функција но тие одамна се бескорисни. Проблемот е што човечката вилица станала помала со текот на времето и нема место за умниците. Оралната хигиена најверојатно е виновна за ова. Пред пастата за заби младите луѓе најверојатно би загубиле голем дел од своите заби и умниците ќе се појавеле токму на време.
Слепото црево
Оваа мала торбичка поврзана со цревата повеќе не помага со варењето и на ниту еден од оние кои го отстраниле не им недостасува. Кај тревопасните животни овој орган останува како дел од дигестивниот систем. Студија во 2009 покажала дека човечкото слепо црево сепак има функција, служејќи како складиште за корисни бактерии кои помагаат во варењето.