Де Геа сака назад во Мадрид, Едурне е сама

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа, во летниот преоден рок најверојатно ќе се врати во Мадрид и најверојатно ќе го облече дресот на Реал.

Причината за тоа не е преголемата желба да го брани голот на „кралевите“, туку љубовната врска со прекрасната шпанска пејачка Едурне. На Давид премногу му негостига Едурне, која остана во Мадрид, откако голманот го напушти Атлетико М. и се пресели на „Олд трафорд“.

Се шпекулира дека Де Геа веќе му соопштил на сер Алекс Фергусон да ја одреди неговата цена, затоа што во јуни сака да си замине, а знае дека раководството на Реал Мадрид е подготвено за преговори. Дури се претпоставува дека може да дојде и до неверојатна размена, Икер Касилјас да се пресели во Манчестер јунајтед, а Давид Де Геа да дојде во Реал Мадрид. Но, и Сара Карбонеро работи во Мадрид, нели…

- Реклама -