Најмалку се спие во Токиo, Њујорк и Париз

Најмалку се спие во Токиo, Њујорк и ПаризНајголемиот град во Америка, Њујорк, познат е како град кој никогаш не спие, меѓутоа, работните љуѓе во Токио спијат помалку отколку нивните „колеги“  во Њујорк, Париз, Стокхолм или Шангај.

Според  истражувањата на јапонската компанија Аџинмото во овие пет градови, жителите на Токио во текот на неделата спијат во просек помалку од шест часа. 

Жителите на Шангај спијат највеќе, седум часа и 28 минути, а во  Њујорк шест часа и 35 минути, што е веднаш зад Токио.

Многу Јапонци се принудени да работат прекувремено. По работата одат на пијалак во некое кафуле да се опуштат, а потоа ги чека долго патување до нивните домови. Токиското метро наутро и навечер е преполно со поспани патници, а некои дури спијат на нозе додека се возат.

“Истражувањето покажува дека во Шангај љуѓето одат порано на спиење. Во секој од овие пет градови, жителите се будат отприлка во исто време, меѓу шест и половина и седум часот, а на спиење одат околу полноќ“ вели портпаролот на компанијата Аџинмото.

Ако ги прашате Јапонците што им е најважно во животот, веднаш ќе ви одговорат спиењето. Ваков одговор според истражувањето дале и Парижаните кои спијат околу седум часа во работните денови.

На Њујорчаните пак како и на жителите на Шангај на прво место им е времето поминато со семејството.

Истражувањето е направено врз 900 вработени меѓу 30 и 50 години старост.

- Реклама -