Ова на Данците мора да им го вратиме!!!

Има ли Шундовски некој скриен адут во ракавот…

Пред година дена на европското првенство во Србија во последните 5 секунди Данците се извлекоа од нерешен резултат, време е долгот да биде вратен …. вечерва 20.15 одиме на победа …. ЗА КОГО…ЗА МАКЕДОНИЈА ….

[youtube]http://youtu.be/ouNbGqiUJok[/youtube]

Македонските ракометари вечерва ќе се соочат со селекцијата на Данска. Ако Македонија ја однесе победата ќе ја избегне Франција како противник во осминафиналето на Светкото првенство во Шпанија.

За остварување на сценариото Македонија да избегне средба со Франција, освен триумфот на ракометарите на натпреварот со Данска, Катар треба да го победи Исланд, а Франција да загуби од Германија.

Дали „црвно-жолтите“ ќе се борат за третото место во групата ќе знаат пред почетокот на натпреварот зошто пред него ќе се одиграат мечовите Катар-Исланд и Франција-Германија.

- Реклама -