За поголеми мускули не е потребно кревање голем товар

men-weightОпшто е познато дека за да создадете мускули треба да кревате голем товар. Но, едно ново испитување покажа дека сличен ефект на мускулите може да се постигне и со помала тежина. Тајната е да ја кревате сѐ додека не почувствувате замор.

Општо е познато дека за да создадете мускули треба да кревате голем товар. Но, едно ново испитување покажа дека сличен ефект на мускулите може да се постигне и со помала тежина. Тајната е да ја кревате сѐ додека не почувствувате замор.

getty_rf_photo_of_men_lifting_weights_in_gym„Наместо да се потите кревајќи тешки тегови, можете да кревате нешто многу полесно – сѐ додека повеќе не ќе можете да кревате“, вели Стујарт Филипс, заменик професор по кинезиологија на Мекмастер Универзитетот. „Ние сме убедени дека растењето на мускулите значи стимулација за создавање нови мускулни протеини, процес во телото кој со време резултира со поголеми мускули“.

Според главниот автор на проектот, Николас Бурд, проектот покажал дека не е важна тежината која ја креваме, туку фактот дека мускулниот замор е главната причина за зголемување на мускулната маса. Во испитувањето биле користени лесни тегови кои претставувале само мал дел од тежината што еден човек може да ја подигне. Една група испитаници кревале тегови со 90% од тежината на сопствениот рекорд, додека другата група кревале само 30%. „Тоа е мала тежина“, додал Филипс, имајќи предвид дека тие со 90% тежина треба да подигнат од 5 до 10 пати пред да почувствуваат замор, додека пак, тие со 30% тежина треба да подигнат најмалку 24 пати за истиот ефект.

„Возбудени сме да видиме каде сето ова ќе води“, вели Филипс, додавајќи дека овие нови податоци имаат практично значење за ентузијаистите кои вежбаат, но најважно, за оние кои имаат мала скелетна мускулна маса, како што се постарите пациенти со рак, или пак оние кои се опоравуваат од повреди, операција или удар. [Building muscle doesn’t require lifting heavy weights]

- Реклама -