Оброк од McDonald’s после една година

McDonaldАмериканката Џоан Брусо реши да направи експеримент со хамбургер и помфрит од ланецот за брза храна McDonald’s за да провери што ќе се случи со нив доколку ги остави да стојат една година. Потоа таа направи фотографија од истиот оброк кој не само што преживеа цела година на полица, туку и воопшто не се разликува од оној кој е штотуку купен.


Американката Џоан Брусо реши да направи експеримент со хамбургер и помфрит од ланецот за брза храна McDonald’s за да провери што ќе се случи со нив доколку ги остави да стојат една година. Потоа таа направи фотографија од истиот оброк кој не само што преживеа цела година на полица, туку и воопшто не се разликува од оној кој е штотуку купен.

article-1258913-08C69B97000005DC-37_968x528

Првата фотографија е направена пред една година, а втората оваа недела. Всушност, како што може да забележите, оброкот изгледа речиси идентично и како нешто што сè уште може да се јаде. Американските нутриционисти велат дека храната од Мекдоналдс содржи многу конзерваси и дека е нездрава за децата. Тоа е и причината што останува речиси идентична дури и после една година.

Џоан Брусо фотографиите ги објави на својот блог и таа таму пишува: „Ги отворав прозорците, но инсектите го игнорираа оброкот. Што уште да кажам, кога ни тие не го сакаа. Инсектите го игнорираат, а бактериите не му можат ништо. Што сè јадат нашите деца?“
[Fast food, frighteningly slow decay: Mother keeps McDonald’s Happy Meal for a whole year… and it STILL hasn’t gone off]

- Реклама -