После секои 15 испушени цигари вашата ДНК се менува

cigarettesПосле секои 15 испушени цигари пушачите доживуваат една генетска мутација, покажа новата студија на британските научници кои идентификуваа 23 илјади мутации како последица на оштетувањата од хемикалиите во чадот од цигарите.

woman-smoking-1После секои 15 испушени цигари пушачите доживуваат една генетска мутација на ДНК-та, покажа новата студија на британските научници кои идентификуваа 23 илјади мутации како последица на оштетувањата од хемикалиите во чадот од цигарите.

Не станува збор за една мутација како примарна причина за заболувањата, истакнуваат научниците, туку тие сите можат да влијаат врз развојот на ракот кога се во одредена комбинација. Тие додаваат дека ракот доаѓа кога ќе се изгуби контрола врз однесувањето на клетките.

„Мутациите во ДНК-та предизвикани, на пример, со пушењето преоѓаат на секоја следна генерација од клетките-ќерки, секогаш повторувајќи ја штетата. Како археолози на таа болест, можеме да почнеме да го реконструираме историјатот на клонот на карциномот – евиденција на минатото и акумулираната штета во геномот.“ велат научниците.

Според водaчот на студијата, др. Питер Кембел, од Wellcome Trust Sanger институтот во Кембриџ, заклучоците до кои дошле во последните години ќе имаат големи иппликации врз лечењето. Идентификувајќи ги сите гени на ракот, научниците ќе бидат во можност да развиваат нови лекови кои ќе бидат насочени на специфичните мутирани гени.

[Smoking just 15 cigarettes harms your DNA, finds cancer study on gene mutation]

- Реклама -