Растенија кои би ги сакале покрај вас

house-plantКвалитетот на воздухот во домовите и работните простории станува голем здравствен проблем, особено заради фактот што во развиените земји луѓето поминуваат повеќе од 90% од времето во затворен простор, каде, како што потврдија студиите, воздухот е до 12 пати позагаден од оној надвор. Научниците ни откриваат кои видови собни растенија значително го подобруваат квалитетот на воздухот што го дишиме.


0021810Квалитетот на воздухот во домовите и работните простории станува голем здравствен проблем, особено заради фактот што во развиените земји луѓето поминуваат повеќе од 90% од времето во затворен простор, каде, како што потврдија студиите, воздухот е до 12 пати позагаден од оној надвор.

Воздухот во затворениот простор се загадува од различни испарувања: од боите, лаковите, адхезивите, мебелот, облеката, градежниот материјал, дури и од водата од славина. Долг е списокот на штетни органски материјали (вклучувајќи го бензенот, ксиленот, хексанот, хептан, октан, декан, триклоретилен и метилен хлорид) кои можат да предизвикаат болести кај луѓето кои престојуваат подолго време во затворен простор. Акутните болести, како астмата и мачнината, па хроничните болести, како ракот и невролошките, репродуктивните, развојните и респираторните пореметувања, се поврзуваат со изложеноста на овие штетни хемикалии. Според извештајот на Светската здравствена организација од 2002, штетните хемикалии кои се наоѓаат во затворен простор претставуваат сериозен здраствен проблем одговорен за повеќе од 1,6 милиони случаи на смрт годишно.

Stanley J. Kays од заводот за хортикултура во Универзитетот во Џорџија, воедно и водач на истражувањето објавено во магазинот HortScience, наведува дека некои собни растенија имаат способност за ефикасно отстранување на штетните елементи од воздухот, па не само што го подобруваат нашето физичко здравје, туку утврдено е дека осигуруваат психичко подобрување намалувајќи го стресот, зголемувајќи ја работната способност и намалувајќи ги симптомите од лошото здравје.

Способноста на билките да ги намалуваат штетните влијанија се нарекува фиторемедијација. За подобро да го разбереме фиторемедијацискиот капацитет на собните растенија, научниците тестираа 28 видови вообичаени собни билки за да ја оценат нивната способнот за отстранување на штетните елементи кои „можат силно да влијаат врз квалитетот на воздухот и имаат потенцијал сериозно да го нарушат здравјетто на изложените поединци.“.

Познато е дека бензенот и толуенот се содржат во средствата за чистење, пластиката, надворешните издувни плинови кои достигаат до зградите и др., октанот доаѓа од боите, адхезивите и градежните материјали, трикоретиленот од водата од славина, средствата за чистење, инсектицидите и производите од пластика, а алфа пинен од синтеттичките бои и дезодорансите. Во текот на истражувањето, билките беа изложени токму на овие штетени хемикалии, а потоа беше анализиран воздухот околу нив. На крајот, се покажа дека од 28-те тестирани видови собни растенија, црвениот бршлен (Hemigraphis alternata), бршленот ([[Hedera_helix|Hedera helix]]), хојата ([[Hoya|Hoya carnosa]]) и аспарагусот ([[Asparagus_densiflorus|Asparagus densiflorus]]) биле најефикасни во отстранувањето на СИТЕ штетни хемикалии кои биле вклучени во студијата од воздухот. Растението [[Tradescantia_pallida|Tradescantia pallida]] отстранило 4 до 5 штетни хемикалии од воздухот. Научниците затоа препорачуваат вклучување на овие билки во просторите во кои престојуваме за значително да се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот кој го вдишуваме.

Едно друго истражување направено од меѓународната иницијатива Билки за луѓето (PfP) со седиште во Дизелдорф потврди дек најдобрите куќни растенија за одржување на куќниот воздух свеж и чист се Ареца палмата (Chrysalidocarpus lutescens), Сабјарката или Јазикот на свекрвата ([[Sansevieria_trifasciata|Sansevieria trifasciata]]) и Ѓаволовиот бршлен ([[Epipremnum_aureum|Epipremnum aureum]]). Ареца палмата прозведува кислород доволен за еден човек, сабјарката го претвора јаглеродот диоксидот во кислород, особено навечер, и затоа е посебно корисен во просториите каде што се спие, а Ѓаволовиот бршлен го филтрира формалдехидот и другите штетни состојки од воздухот.  PfP истакнува дека е важно редовно да се брише правта од листовите бидејќи така билките подобро ја вршат својата работа, а според нивните истражувања на местата каде биле поставени овие видови билки за 52% се намалила иритацијата на очите, 34% од луѓето кои времето го поминувале во тие простории имале помалку респираторни проблеми и за 24% помалку главоболки. [Common plants can eliminate indoor air pollutants]

- Реклама -