Лошите навики ви ја црпат енергијата

tiredСе чувствувате изморено, малаксано и безволно, а сé уште не е ни пладне? Не знаете што ви е, добро сте се наспале, јадите доволно овошје, солидно се храните, дури и вежбате по малку, па сепак се чувствувате изморени и малаксани? Еве неколку нешта кои ви ја цицаат енергијата, а кои, незабележително, ви преминале во навика.


Се чувствувате изморено, малаксано и безволно, а сé уште не е ни пладне? Не знаете што ви е, добро сте се наспале, јадите доволно овошје, солидно се храните, дури и вежбате по малку, па сепак се чувствувате изморени и малаксани? Еве неколку нешта кои ви ја цицаат енергијата, а кои, незабележително, ви преминале во навика.

tired-300x249
Зависност од мејлови
Ако постојано ја прекинувате работата за да проверите e-mail, пораки, телефонот, и уште куп секакви работи, вниманието ви станува расеано, и почнувате да се чувствувате измачено. Доктор Џон Салерно од Њујорк објаснува: „На мозокот му е потребно многу физичка и ментална енергија за мултитаскинг, и тоа ја троши неговата енергија. А непрекинатото одвратување на вниманието од она што го работите дополнително му смета и го заморува.“

Решение: Исклучете ги електронските гаџети во најрподуктивниот дел од денот, а тоа за поголем дел од луѓето е утрото. Наместо секој момент, проверувајте го e-mail-от еднаш на еден час, на пр. Доколку нешто ви падне на памет што не е е поврзано со работата, запишете го за да го запамтите за подоцна, и продолжете со работа.

Неуредност
Навикнати сме да живееме во мали простории преполни со различни нешта – куп хартии насекаде, документи и папки на масата, сметки – позната во е сликата, нели? Др. Салермо вели дека „Мозокот го забележува секој вид на неред, што дополнително го прави анксиозен.“

Решение: Хм, зарем е потребно да се нагласува? Расчистете сé што е непотребно, а онај минимум потребни нешта сместете го на што е можно помала површина.

Досада
Дали некогаш сте седеле повеќе од еден час, а никако да го почнете она што треба да го работите бидејќи е ужасно монотоно и досадно? „Недостатокот од мотивација заморува,“ предупредува Др. Салермо. „Едноставно кажано, ние сакаме да ги видиме резултатите од нашата работа, а завршувањето на нашите обврски ни дава дополнителна енергија и поттик – избегнување на работата ни наштетува.“ вели Салермо.

Решение: Компетитивност. Обидете се да пронајдете колега или пријател со кој би направиле мал натпревар – слушнете се подоцна и видете кој до каде стигнал за време од еден час.

Неправилно држење на телото
Подгрбавеното и неправилното седење и стоење е лошо за вашето тело. Свитканите рамена, зјапањето во монитор или држењето на телефонот меѓу увото и рамото е катастрофално за нивото на вашата енергија, според Пиа Мартин, кинопрактичар од Сан Диего. „Кога долго седите, имате тенденција да се свиткувате нанапред, кривејќи ги рамената и оптеретувајќи го долниот дел од ‘рбетот. Вашите мускули се згрчени, а протокот на крв е лош и отежнат, што го ограничува нивото на кислород кој доаѓа до вашиот мозок.“

Решение: Седете правилно! Нозете треба да ви бидат под прав агол во однос на подот, рацете под прав агол во однос на столчето. Бидете свесни за својата положба и држете ги рамената долу, а не на нивото на ушите. Наместете го компјутерот така за очите да ви гледаат во средината на мониторот. И, не мора да седите цело време – наместете тајмер кој секој час ќе ве потсетува да станете, да се протегнете и да се напиете чаша вода. А кога ќе се вратите на масата, натерајте се да се потсетите како се седи правилно!

Прејадување
Обилниот оброк е нешто што сигурно ќе ви ја земе енергијата во блиска иднина. Еве што се случува: ќе се наждерете како прасе, и како што се апсорбираат хранливите материи, се напумпува додатна гликоза во вашиот систем, а потоа телото ослободува инсулин за да го обработи сиот тој шеќер што е = на поспаност, потреба за кафе или нешто благо. „Подобра идеја е да го распределете на цел ден она што инаку ќе го изедете одеднаш, за нивото на енергија да биде приближно исто.“ вели Gloria Tsang, основачка на сајтот HealthCastle.com.

Решение: Јадете на 3 или 4 часа, наместо на вообичаените 6. „Пијте течност цел ден, најдобро вода, бидејќи дехидрацијата ве прави изморени.“вели Tsang.

Живот под вештачко осветлување
„Природниот ритам на нашето тело е да се буди со сонцето“, вели Carol Ash, медицински директор на Клиника за пореметувања во спиењето во Сомерсет, Њу Џерси. Кога ќе ги отворите очите наутро и кога ќе ги видите првите сончеви зраци, вашиот мозок добива сигнал кој му помага да го намести својот биолошки часовник за целиот ден кој претстои.
Исто така, добивајќи дневно светло, мозокот добива енергија. Така, ако се будите пред стемнување, или немате достапно природно светло преку цел ден, вашето тело се чувствува во константен [[Jet_lag]].

Решение: Наместо да посегнете по шолја кафе кога ќе почнете да кризирате за енергија, посегнете по патиките и излезете надвор – комбинацијата од физичко вежбање и сончева светлост ќе ви даде дополнителна енергија. „Не ви е потребно многу“, вели др. Ash. „10 до 20 минути прошетка на сонце е сосем доволно за да ви даде енергија.“

- Реклама -