Home УмниБус Здравје Неколку заблуди околу цигарите

Неколку заблуди околу цигарите

0

Повеќе...

Колку млади, среќни и слободни изгледаат сите оние луѓе на рекламите за цигари. Како да сакаат да кажат дека здравата боја на кожата, виталноста па дури и пејзажот зад нив им го должат токму на таа мала кутија со цигари. Зошто, всушност, пушите? И зошто не сакате да се откажете од таа навика?

beyonce_25.jpgКолку млади, среќни и слободни изгледаат сите оние луѓе на рекламите за
цигари. Како да сакаат да кажат дека здравата боја на кожата,
виталноста па дури и пејзажот зад нив им го должат токму на таа мала
кутија со цигари. Зошто, всушност, пушите? И зошто не сакате да се
откажете од таа навика? Прочитајте подолу зошто!

"Пушењето опушта, смирува и ги намалува проблемите?"

– Кога ви се чини дека сѐ е против вас, една цигара ќе ви помогне да добиете душевен мир. Но, во суштина пушењето е условен рефлекс, атавизам, замена за орален синдром – така би анализирал Фројд. Тоа е всушност уназадување во психичкиот развој на човекот. Е сега, или ќе си создадете никотинска или пак психичка зависност. Ако ја имате првата – среќни сте, зашто од неа може да се откажете за една недела. За оваа втората ќе треба да се потрудите повеќе. Да, ќе ви недостигаат сите оние мали ритуали на кои сте навикнале: специфичниот начин на палење цигара, начинот на држење, вртењето помеѓу прстите, кафенцето, разговорот со пријателите, паузата на работа… Кога тоа го снемува се појавува вознемиреност и страв поради губењето на вообичаените навики. Психолозите овде советуваат веднаш да се посегне по некое средство за смирување: гума за џвакање, бонбони, чаеви, сирупи… Дури во потешките случаи се практикува хипноза или некој друг вид на психотерапија. 
"Се плашам од дебелеење!"
– Нема врска дека никотинот учествува во размената на материите, и доколку него го нема организмот почнува да го пополнува тој недостаток со засилено наталожување на масни наслаги. Всушност, цигарите имаат врска со досадата или желбата да се направи пауза од некоја работа. Оние пак, кои го оставиле тутунот најлесно им е нешто да си прикаснат. Па значи за да не се здебелите најдете некоја друга занимација како шолја какао или зелен чај, или пак, излезете и прошетајте на воздух. 
"Ми помага да мислам…"
– Како да не! Токму спротивниот ефект се појавува, наместо концентрација ќе добиете само забавени нервни импулси. Вистина е дека донекаде цигарите го стимулираат нервниот мозок, но тој ефект е краткотраен кој се постигнува после една до две цигари и не трае долго. Па после тоа се создава таа психичка зависност кога со цигарите го поврзувате чувството на опуштеност, или напротив зголемената концентрација, иако е тоа само впечаток кој не одговара на реалноста. 
"Ги отстранува главоболката и забоболката?"
– Точно е дека никотинот допринесува стегање на крвните садови, но овој ефект е слаб и се чувствува дури после голема пауза, најмалку шест саати помеѓу две цигари. Па бидејќи и тука станува збор за психолошко дејство, сепак најдобро би било да се напиете некој аналгетик или да посетите доктор. 
– Што ќе се случи доколку ги откажете цигарите? Сигурно нема да дојде крајот на светот, само нивото на кислорот ќе ви се врати на нормала, и тоа само по осум часа. После три до девет месеци функцијата на дишење ќе се поправи за 10%, после пет години ризикот од инфаркт двојно се намалува, а после десет години, пак, двојно се намалува и ризикот од рак на белите дробови. Сепак, на волја на пушачите, ниеден лекар не потврдил 100% прочистување на белите дробови ни после десет години, што секако зависи од многу фактори. Но едно е сигурно, колку порано се откажете од пушењето толку подобро за вас, а и за околината околу вас!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here