Аквариум со ајкули експлодираше во Шангај (видео)

Најмалку 15 лица се повредени во експлозија на огромен аквариум со ајкули тежок 33 тони, во трговски центар во Шангај.

Колапсот на аквариумот полн со ајкули, кој е популарна атракција сместена на влезот на трговскиот центар Orient, е снимен со камера од случаен минувач на 19 декември и стана вирално видео откако се појави на YouTube.

Според Daily Mail, делот кај аквариумот се поплавил, откако стаклото на аквариумот дебело 25 сантиметри ненадејно се скршило, по што 33 тони вода и неколку ајкули буквално „летнале“ во посетителите.

Три ајкули, како и голем број риби и водни желки угинале во несреќата.

Вработените во трговскиот центар велат дека немало никакви знаци дека може да дојде до ваква несреќа, поради која неколку Кинези завршиле во болница со сериозни последици. [Video: Shark tank explodes in Shanghai mall]

[youtube]Gn0YcspiesI[/youtube]

- Реклама -