Ибрахимовиќ: Меси игра како на „плејстејшн“

Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ рече дека Лионел Меси е единствен кој вистински ја заслужува Златната топка, иако таа награда ја добивал и претходните три години.

– Меси е најдобар фудбалер на светот, и како таков ја заслужува Златната топка. Знам дека таа награда веќе ја освојуваше неколку пати, но заслужено. Па тој игра како на ’плејстејшн’, тоа е неверојатно. Луѓето кои зборуваат поинаку не знаат ништо за фудбалот, или едноставно зборуваат глупости – рече Ибра.

Швеѓанецот исто така му оддаде признание и на Французинот Зинедин Зидан, кој според него, пак, е најдобриот играч на сите времиња.

– Кога Зидан играше, останатите десет негови соиграчи веднаш стануваа подобри играчи. Тоа беше магија. Тој е навистина единствен по многу нешта. Беше повеќе од добар, како да дошол од некоја друга планета – вели Ибрахимовиќ.

- Реклама -