Водич до совршениот црвен кармин

Храбрите црвени усни никогаш не излегуваат од мода. Независно од тоа кои се актуелните трендови и кое годишно време е, црвениот кармин секогаш е класичен, шик и впечатлив.

За жал, со сите различни нијанси, тонови и текстури, многу е лесно да се изгубите во морето од црвени бои и да нанесете нијанса што не одговара на вашата кожа.

Црвената боја им одговара на сите луѓе, па ако досега сте мислеле дека не изгледате убаво со црвен кармин, значи дека не сте ја нашле вистинската боја. Прочитајте го овој водич за да ја пронајдете идеалната нијанса за вашата боја на кожа.

Ладни тонови

Ладните тонови на црвена боја во својата основа ја имаат сината боја и затоа се доближуваат до розовите нијанси. Ваквите кармини најдобро им одговараат на жените со светла и розеникава кожа, како Сандра Булок и Меган Фокс.

Топли тонови

Топлите тонови во својата основа ја имаат жолтата боја и поради тоа допираат до портокаловите нијанси. Ваквите кармини најдобро им одговараат на жени со жолтеникава нијанса на кожата, како Ким Кардашијан, Зои Салдана и Пенелопе Круз.

Неутрална црвена

Нијансите што не се ни ладни ни топли важат за неутрални и изгледаат добро речиси на секого. Исто така, овие нијанси важат за вистинските црвени бои на кармини, затоа што во себе немаат розова или портокалова нота.

Кармин како вино

Длабоките нијанси на слива и на црвено вино се ин сезонава, но независно од трендовите, тие секогаш им прилегаат на девојки со темна боја на кожата. Богатите црвени нијанси делуваат многу природно на темна кожа, затоа што светлите усни некогаш даваат преголем контраст.

Конечно, црвените усни навистина може да бидат секојдневна „униформа“, само важно е останатата шминка да биде неутрална и да го носите карминот со многу самодоверба. [The CF Guide to Flawless Red Lips for Every Skintone]

- Реклама -