Жените одат на 24 состаноци годишно

Жените во просек излегуваат со 24 мажи во текот на една година, со тоа што со дел од нив одат на повеќе состаноци, покажуваат новите истражувања.

Истражувањето опфатило неколку Британки кои биле слободни цела година, а тие одговориле на неколку прашања меѓу кои и со кого живееле минатата година, како и со колку мажи во просек излегуваат месечно.

Најголем дел од жените вклучени во истражувањето рекле дека живеат со пријатели или цимери, а 21 отсто од нив живеаат со своите родители, додека останатите се во свој стан. На прашањето со колку мажи месечно излегуваат на состанок, испитаничките одговориле со двајца, што значи дека годишно во просек се гледаат со 24 мажи.

Повеќе од 60 отсто од испитаничките отворено признале дека без проблем можат да се гледаат со двајца или со повеќе мажи. Најголемиот дел од жените вклучени во истражувањето рекле дека гледањето со повеќе мажи им е многу возбудливо, но голем број од нив признале дека го прават тоа бидејќи не можат да се одлучат за еден од двајцата мажи.

Четириесет и осум отсто жени признале дека често имаат „пријатели со бенефиции“, односно имаат сексуални односи со мажи што ги доживуваат како пријатели, особено во периодите во кои не се во сериозна врска.

[via femalefirst.co.uk]

- Реклама -