Нов рекорд во капење голи

Околу 600 луѓе се соблекоа обидувајќи се да постават нов рекорд во капење голи.Мажи и жени од сите возрасти се собраа на две одделни плажи во Нов Зеланд, во обидот да го соборат претходниот рекорд што го држат 413 нудисти кои истовремено се капат на плажа.

И наспроти нивните нагласени ентузијазам и храброст, двете полни плажи  не беа  доволни за да го соборат рекордот.

На Папамоа плажата имаше 299 голи пливачи, а на Самнер други 226 нудисти. За рекордот да биде валиден, правилата на Гинисовата книга на рекорди велат сите пливачи да бидат во водата и истовремено на заедничка фотографија.

Постоечкиот светски рекорд го држи Лангренит во Велс, каде што 413 нудисти истовремено беа во вода. [виа TheSun]

- Реклама -