11-то Биенале на архитектурата – Венеција

img_2893p.jpg Венециското биенале со векови е една од најпрестижните културни институции во светот , која
ги слави и обединува  музиката, филмот, архитектурата, уметноста,
танцот и театарот. Започнувајќи со изложба на италијанската уметност 
уште во 1895 год. , биеналето ја започнува својата традиција на
промовирање нови уметнички трендови  и  организирање на интернационални
настани во модерната уметност, во согласност со мулти – дисциплинарниот
модел, кој денес е негова главна карактеристика.Во 30-тите години од
минатиот век започнува да се одржува биеналето за филм, уметност и
музика. Првото биенале за архитектура се одржува во 1980, додека она за
танц следува во 1999 година.


Венециското биенале (http://www.labiennale.org/en/)  со векови е една од најпрестижните културни институции во светот , која ги слави и обединува  музиката, филмот, архитектурата, уметноста, танцот и театарот. Започнувајќи со изложба на италијанската уметност  уште во 1895 год. , биеналето ја започнува својата традиција на промовирање нови уметнички трендови  и  организирање на интернационални настани во модерната уметност, во согласност со мулти – дисциплинарниот модел, кој денес е негова главна карактеристика.Во 30-тите години од минатиот век започнува да се одржува биеналето за филм, уметност и музика. Првото биенале за архитектура се одржува во 1980, додека она за танц следува во 1999 година.

img_2725.jpg
117_7438.jpg
117_7439.jpg

Оваа година, на 14-ти септември беше свечено отворено 11-тото Биенале на Архитектурата . Неговата овогодишна тема гласи – “ Out there: The architecture beyond building”, a за куратор беше избран Арон  Бетски, сегашен директор на Cincinnati Art Museum и долгогодишен директор на Холандскиот Институт за Архитектура (NAI) во Ротердам- еден  од најпрестижните музеи и архитектонски центри во светот.  Одговарајќи на прашањето , Што всушност би требало да претставува архитектонска изложба / биенале на архитектурата? ,  тој вели : ” Покажуваме архитектура одкога разјаснивме дека архитектурата сама по себе не значи подигање на зграда, туку давање живот на просторот- оној непосредно околу нас и просторот во  нашиот социјален живот. Архитектурата се создава при контактот на визијата и реалноста и претставува имагинација аплицирана преку организација на местата во кои живееме. Следствено архитектурата примарно е екпериментирање и замислување…. Всушност зградите и не се доволни. Тие се споменици на архитектурата, остаток од идејата за креирање на еден нов,подобар свет, отворен за можности поголеми од секојдневните. Тоа би можело да значи креирање на домови, канцеларии и други простори во кои живееме, работиме, се рекреираме и се собираме. Како и да е, продукцијата на такви згради, стана дефинирана од кодови: финанскски, градежни, сигурносни, компјутерски, кодови за изглед и однесување. На крајот, архитектурата има многу мал удел во нивниот конечен изглед….”

Инсталацијата на Zaha Hadid
img_2616.jpg

Инсталацијата на Frenk O. Gehry
img_2617.jpg

Penezic & Rogina
img_2618.jpg

Овој одговoр на кураторот многу јасно е одсликан на 11-тото Биенале на Архитектурата, кое според многумина, се одликува со повеќе уметнички и поапстрактен карактер отколку вообичаено. Сето тоа е резултат на потребата да се експериментира во архитектурата. Човекот и  просторот, кој тој го населува се области во кои архитектите  можат да излезат  од рамките на конвенционалното и секојдневното , следејќи ги своите визии во креирањето. Движејќи се во границите од  дизајн на парчиња мебел, креирање на животен простор,па се до утописки предвидувања на развојот на градот,  на главната изложба во венециското Арсенале реномирани архитекти и архитектонски студија , на покана на кураторот Бетски,  се претставија  со свои инсталации. Овие инсталации се со поголем размер и “не се протитип” на згради , туку претставуваат различни интерпретации на одговорот Што е архитектурата и како се “чувствуваме како домa” во светот. Архитектите комуницираат со публиката главно преку своите манифести, притоа терајќи ги посетителите да станат дел од нивните визии и идеи за архитектурата. Од бројните инсталации можат да се издвојат оние на Asymptote, Atelier Bow-Wow, Coop Himmelb(l)au, Diller Scorfidio+ Renfro Droog Design+ Kessel Kramer, Vincente Guallart, Frank O. Gehry, Zaha Hadid, Greg Lynn, M-A-D, Massimiliano Fuksas, MVRDV, Penezic & Rogina, Phillipe Rahm и тн, секоја оригинална и креативна на свој начин. Сепак наградата за најуспешно претставување беше доделена на Greg Lynn (USA) за не говата инсталација наречена “Recycled Toys Furniture” ( Мебел од рециклирани детски играчки ).

Atelier Bow-Wow
img_2658.jpg

Recycled Toys Furniture
img_2644.jpg
img_2645.jpg

Паралелно со главната изложба , како и секоја година во просторот на Giardini, во своите национални павилјони, земјите учеснички се претставија со свој одговор на темата зададена од кураторот Бетски. Голем дел од нив повторно го акутелизираа прашањето за одржливоста во архитектурата, зачувувањето на животната средина, рециклирањето на штетниот отпад и искористување на сончевата енергија  во секојдневниот живот. Некои земји, пак како појдовна точка во своето претставување ги имаа  нерешените социјални  или актуелните политички проблеми. Како пример,  може да се спомене претставување на Естонија, која  преку  гасоводна цевка во реална големина,  поставена помеѓу Рускиот и Германскиот павиљон, го акцентираше проблемот со поставувањето на гасоводот во Балтичкото Море помеѓу овие две држави. Се работи за долгогодишен политички проблем, како од еколошки така и од аспект на загрозување на националната безбедност (http://en.wikipedia.org/wiki/Nord_Stream).  Со својата оригиналност ,од останатите павиљони се издвојување изложбата во павилјонот на Јапонија,  каде целокупната презентација беше изведена преку рачно исцртување со молив врз сите ѕидни површини.  Претставувањетоа на проектите преку изработени модели  е честа практика на учесниците, па така и оваа година своите проекти на сличен начин ги претставија и земјите Шпанија,Велика Британија, Франција, Финска …. Секогаш стануваше збор за одличен  избор на проекти и впечатливите модели,прецизно изработени, но она што недостасуваше беше јасност на главната идеја на изложбата  и потенцирање на целината.  Наградата  Златен Лав, која се доделува на најуспешната изложба во рамките на националното претставување, годинава и припадна на Полска . Проектот е наречен “Hotel Poloniа – the afterlife of buildings” и ги отвора прашањата  на постојноста и непостојноста на архитектурата, портретирајќи ги зградите како места за можни социјални, политички и економски сценарија, предизивкувајќи го барањето за трајност  и спласнувајќи го егото на зданијата, кои претендираат да бидат вечни. Архитекурата зад градењето, почнува во точката на преведување и интерпретирање. Човековото влијание  и минувањето на времето исто така ја сочинуваат архитектурата.

img_2769.jpg

Herzog & de Meuron
img_2793.jpg
Павилјонот на Швајцарија
img_2863.jpg

Павилјонот на Австралија
img_2856.jpg

Oсвен на двете главни локации, изложби во рамките на биеналето за архитектура можеа да се најдат на многу други места низ градот.  Дел од венециските плоштади беа збогатени со интересни  инсталации, а на денот на отворањето на биеналето свечено беше  пуштен во употреба новиот мост на Canal Grande, дело на шпанскиот архитект Калатрава.


Мостот на Калатрава
img_2552.jpg

Gathering Space
img_2561.jpg

На овогодинешното биенале, Македонија се претстави со проектот наречен  “Metamak – cut outs”  (Метамак исечоци ) http://www.metamak.mk/. Изложбата е сместена во венециската палата  Zenobio . Носечка идеја во проектот се промените во појавноста на архитектурата и начинот на кој таа се почесто се  перцепира и консумира.

“  …  Се повеќе архитектурата ја доживуваме како површински феномен – слика. Посакувана слика или слика која ја надминуваме – менуваме. Зградите на посткомунистичкиот свет стануваат  нереални архитектонски објекти – носачи на рекламни паноа и пораки.  Посакуваните нови градби не се реални просторни конфигурации, туку слики на нашите желби, видени или пренесени од некаде….”
– стои во текстот на кураторите на оваа изложба, професорите од Архитектонскиот Факултет: Митко Хаџи – Пуља , Минас Бакалчев и Влатко П. Коробар. 

img_2888.jpg
img_2890.jpg
img_2893.jpg

Тимовите составени од архитектите : Митко Хаџи- Пуља, Минас Бакалчев и Бетим Зекири; Мартин Гулевски и Влатко П. Коробар; Јован Ивановски и Дејан Ивановски; Владимир Десков и Ана Ивановска; Владимир Лековски и Искра Анастасова; Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски, преку своите проекти  се обидоа да изнајдат најсоодветен одговор на прашањата : Што ако архитектурата се сведе на површински феномен? Што ако таа стане картонска творба – исечок од картон здиплен во одредена просторна конфигурација?  

Резултатот  на нивната работa беше т.н. картонска архитектура  која ја преиспитува генеративната и  концептуална природа на реалните проекти. И како што во денешниот град  картонските пакети од секаков вид  циркулираат низ неговиот физички простор, така овие архитектонски пакети на новата просторна реалност на МЕТАМАК, создаваат динамичен  картонски град.

- Реклама -