Home Технологија Автомото Новите модели на Triumph: Daytona 675 и 675R 2013

Новите модели на Triumph: Daytona 675 и 675R 2013

0

На саемот EICMA во Милано имавме прилика да се запознаеме со новите модели на Triumph. Штандот кој изгледаше прекрасно беше во центарот на вниманието заради претставувањето на новите Daytona 675 и 675R 2013.

Како и до сега, Триумф во моделот 675 вградува мотори со три цилиндри и зафатнина од 675цц, но кај новите Дејтони моќноста е зголемена за 2кс и сега изнесува 126кс. Благодарение на промените на самиот агрегат овозможено е достигнување на поголем број на вртежи во минута, па црвената линија кај новиот модел е на 14400rpm.

Визуелно покрај предната маска, веднаш се забележливи промени на самиот рам, како и на издувот кој кај новиот модел доаѓа во GP стил. Седиштетот е пониско за 10мм, тежината е намалена за 2кг, а фабрички моторот доаѓа со Pirelli Supercorsa гуми.

Иако ABS-от е стандарден за двата модела, верзијата 675R се издвојува по повеќе компоненти. Веднаш е забележлив задниот TTX амортизер, како и предните NIX30 виљушки. За кочењето ќе се погрижат Brembo кочниците, кај кои може по потреба да се деактивира ABS системот.

Визуелно R верзијата се разликува од обичниот модел и по црвениот рам, како и по црвените ленти на бандажите. Кај овој модел неколку компоненти на машината како и делови од оклопите се изработени од карбон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here