Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Новозаразените се од:
• Скопје – 24
• Куманово – 5
• Битола и Охрид – по 3
• Прилеп, Тетово и Кичево – по 2
• Гевгелија и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г).
Регистрирани се 48 оздравени пациент од:
• Скопје – 17
• Прилеп – 6
• Битола – 5
• Охрид – 4
• Штип, Струга и Ресен – по 3
• Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.
Како што велат од Министерството за здравство, вакцинацијата продолжува непречено да се одвива на сите пунктови низ државата. Досега вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Од нив, прва доза примиле 1.995 лица.
Со последните бројки, 47% од населението над 70 години, односно 41% од населението над 65 години, има примено барем една доза вакцина.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на досега пријавени на веб платформата vakcinacija.mk изнесува 436.072 граѓани. Оттаму апелираат граѓаните да продолжат да се пријавуваат на платформата, бидејќи тоа е најсигурниот пат до победа врз коронавирусот.