Џесика Бил во сендвич помеѓу двајца голи мажи пред нејзината свадба

Неколку дена пред Џесика Бил да стане госпоѓа Џастин Тимберлејк, таа се нашла во чудна положба, во сендвич помеѓу двајца голи мажи.

За време на гостување на Late Show With David Letterman во понеделникот, актерката открила дека во пресрет на нејзината свадба во јужна Италија на 19 октомври, таа посетила спа центар во швајцарските Алпи. Таму таа се упатила кон сауната каде што сè станало малку непријатно.

„Бев во сауната и налетав на двајца крупни Австријци. Си помислив, ова е малку необично, но сепак ова е Европа. Не знаев каков е протоколот за такви ситуации. И тогаш тие ги тргнаа своите пешкири и беа целосно голи.“

Бил, која носела бикини, додала: „Тие беа голи а јас бев меѓу нив! Бев комплетно зашеметена. Лежев помеѓу нив. Сето тоа беше доста напнато. Уште се опоравувам.“ Кога нејзината пријателка стигнала во сауната тие заедно избегале. „Подоцна дознавме дека тоа било доста нормално. Спа центрите во некои места во Европа не се поделени според пол, а голотијата е во ред.“

- Реклама -