BMW ќе го претстави X4 во Детроит

Компанијата BMW ќе претстави концептот на својот нов кросовер, со името X4, за време на салонот во Детроит, во јануари следната година. Се очекува прототипот да биде многу блиску до сериската опција, која ќе се обиде да им конкурира на Range Rover Evoque и Porsche Macan.

Баварците планираат ваков автомобил, кој ќе го заземе место меѓу X3 и X5 уште од 2008 година. Идејата почна да се реализира од 2010 година, кога е дадена зелено светло за проектот. Тоа ќе биде кросовер со покрив во стилот на купе, каков што има поголемиот Х6.

Моделот исто така ќе биде со четири врати и четири места (задните две ќе бидат поделени). Се очекува должината на Х4 да биде околу 4,65 метри, односно тој ќе се надгради врз платформата на Х3.

Палетата мотори исто така ќе биде преземени од Х3, 2,0 и 3,0 литарски бензински и дизел мотори со моќност помеѓу 143 и 313 КС. Тие ќе се комбинираат со 6-степен мануелен менувач и со 8-степен автоматски ZF.

Во подоцнежна фаза се очекува и набилдана верзија, BMW X4M чии технички карактеристики ќе бидат слични на оние на новата Ѕeries 3M. Овој моќен кросовер ќе се нуди со мотор со 450 КС и менувач со две спојки M-DCT. Оваа модификација ќе се појави во 2015 година како конкурент на Porsche Macan Turbo.

Плановите на BMW се производството на X4 да започне во 2014 година Кросоверот ќе се составува во фабриката на компанијата во Спартенберг, Јужна Каролина (САД).

- Реклама -