Mercedes го претстави најмоќниот SLS AMG Black

Mercedes-Benz ја претстави најмоќната модификација на супер спортскиот SLS AMG – Black Series, која ќе се појави во продажба во јуни 2013 година Официјалното деби на автомобилот пред публика ќе се одржи на салонот во Лос Анџелес на крајот на месецот.

Новиот модел добил  осумцилиндерски бензински мотор со зафатнина 6,2 литри со моќност од 622 „коњи“. Во споредба со стандардниот SLS AMG, моќноста е зголемена за 51 КС, а максималниот вртежен момент е намален од 650 на 635 Nm.

Моторот има нов издувeн систем, надградени разводни оски, како и доработен систем за ладење. Ѕверката забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од стандардниот SLS AMG. Максималната брзина на машината е 315 km/h, а потрошувачка – 13.7 l/100 km. Нивото на исфрлени емисијата СО2 е 321 g/km.

Тежината на каросеријата е 1550 kg, што е за 70 помалку од вообичаениот SLS AMG GT. Од нив, 15 килограми се заштедени благодарение на изработените од каброн централна конзола и седиштата, други шест од укинувањето на мултимедијалниот систем COMAND, а осум на новиот литиум-јонски акумулатор. Издувниот систем е од титаниум и тежи 17 килограми, додека кај стандардната верзија тежината е 30 kg.

Освен тоа SLS AMG Black Series е со намалено за 10 mm потпирање. Автомобилот располага со дополнителни аеродинамички елементи од карбон, сопирачки механизми од керамика, како и 20-инчни тркала.

Како опции се достапни задно антикрило и дополнителни елементи во предниот дел, кои ја зголемуваат стабилноста на автомобилот. Освен тоа супер автомобилот располага и со систем за брз старт од место (Launch control).

- Реклама -