50 држави, 50 бендови: Најдоброто од Америка (прв дел)

50_drzavi.jpg Музичката азбука на САД почнува со неколку интересни бендови од Алабама, Аљаска и Аризона. Откријте ги најдобрите нови и потсетете се на одличните музичари кои веќе имаат освоено дел од музичките зависници. Може да не ја сакате Америка, може да не ве интересиа кој и зошто стана претседател, но не смее да не ве интересира кои се најдобрите бендови што ја бранат честа на сојузните парчиња на US of A 🙂 


Музичката азбука на САД почнува со неколку интересни бендови од Алабама, Аљаска и Аризона. Откријте ги најдобрите нови и потсетете се на одличните музичари кои веќе имаат освоено дел од музичките зависници. Може да не ја сакате Америка, може да не ве интересиа кој и зошто стана претседател, но не смее да не ве интересира кои се најдобрите бендови што ја бранат честа на сојузните парчиња на US of A!

Аљаска
Најдобар бенд на сите времиња: The Long Winters
The Long Winters всушност се од Сиетл, но ќе ги сметаме за најдобриот бенд од Аљаска бидејќи таму е роден гитаристот John Roderick кој воедно ги пишува и песните. А сите песни на овој интересен инди квартет ја носат интимноста на родното место на Roderick.
{youtube}Fvd7jspvi88{/youtube}

Најдобар нов бенд: Portugal. The Man
Бендот експериментра со музички жанрови, инди основата ја надградуваат со блуз и соул елементи.
{youtube}ijVEdYXLwBk{/youtube}

Аризона
Најдобар бенд на сите времиња: Sun City Girls
Овој еклектичен музички состав почна како дел од панк рок сцената во Аризона, а набрзо почна да експериментира и во својот репертоар да вклучува многу импровизации, како бит-поезија, џез и world music елементи. Нивната музика, како и непредвидливи настапи кои потсетуваат на уметнички перформанси ја освоија музичката критика.
{youtube}In3s7D_2obo{/youtube}
{youtube}i5n52U_s4dw{/youtube}

Најдобар музичар на сите времиња: Stevie Nicks
Успешна со Fleetwood Mac, но и со својата соло кариера Nicks ќе остане препознатлива по својот скоро нестварен изглед и текстовите полни со симболика.
{youtube}C1h99XYvLsc{/youtube}

Најдобар нов бенд: Lymbyc Systym
Брќата Jared и Michael Bell го сочинуваат бендот што ќе ве раздвижи со ритамот и лукавиот спој на инструментален рок и електронска музика што може да се опише како фолктроника.
{youtube}G7igEeJDMEo{/youtube}

Алабама
Најдобар бенд на сите времиња: The Louvin Brothers
{youtube}jl56ElSVtjQ{/youtube}

Најдобар музичар на сите времиња: Hank Williams
{youtube}OxB1t2EEK0M{/youtube}

Најдобар нов бенд: Wild Sweet Orange
{youtube}wjs63xg0B-k{/youtube}

- Реклама -