Челзи го најде новиот Дрогба

Актуелниот европски шампион Челзи во јануарскиот преоден рок ќе го засили нападот, а освен Фалкао, цел на „Сините“ од Лондон е уште еден напаѓач.

Во Англија веќе се пишува дека тоа е новиот Дрогба, кој дојде за „ситни“ пари, а стана најдобар напаѓач во историјата на клубот. Се работи за Вилфред Бони, фудбалерот на Витезе, кој минатата сезона постигна 20 голови на 36 натпревари, а и оваа сезона веќе е стрелец на седум погодоци.

И понатаму Роман Абрамович не се откажува од реализација на супертрансферот на Радамел Фалкао, но најверојатно на „Стемфорд Бриџ“ ќе пристигне и Вилфред Бони, за кого Челзи ќе треба да плати „само“ осум милиони фунти.

- Реклама -