Domino’s го има совршеното возило за достава на пица

Според Domino’s, кои одржаа јавен конкурс за дизајн, ова е совршеното возило за доставување пица. Возилото е мало, има лизгачки врати, задна камера и полици за пиците.

За жал ова возило, сè уште, не е вистинско туку само дизајн на Анеж Костревич од Словенија. Убаво е да се замисли живеење во иднина во која ќе постојат вакви возила за достава на пица. „Возилото има неколку решенија за складирање кои ќе му овозможат на возачот удобно возење и лесен пристап до сè што му е потребно.“

„Системот за навигација има голем тачскрин дисплеј и е лесен за користење. За ноќни достави возилото има помошно светло во десниот ретровизор. Сокови и салати можат да бидат носени во климатизирани фиоки до возачот и под фиоките за пици. Внатрешноста на дизајнот има доста просотр за складирање на сите елементи потребни за достава.“

- Реклама -