40 вредни совети што мајките им ги даваат на своите ќерки

Односот помеѓу мајката и ќерката е една од најсилните работи на светот кои не може да се објаснат со зборови. Секоја мајка сонува нејзината ќерка да биде среќна и да прави сé што е можно за да се случи тоа.

Ова се 40 прекрасни совети од една мајка кон нејзината ќерка:

1. Начинот на кој гледаш на другите, е одраз на тебе самата.

2. Помогни им на луѓето кога имаат потреба, за да се чувствуваш подобро.

3. Биди горда што  изгледаш добро цело време.

4. Биди насмеана – така ќе го зачуваш доброто расположение и ќе им помогнеш на другите да се почувствуваат подобро.

5. Биди позитивна. Кога расположението ќе ти се движи во различни крајности, обиди се да го најдеш позитивното во животот и да не ги заморуваш другите со сопствените проблеми.

6. Секогаш мисли пред да кажеш нешто, за да не зажалиш подоцна.

7. Обиди се да гледаш од високо на секојдневните проблеми и да не драматизираш излишно.

8. Биди првенствено човек кој може да спие мирно со работите кои ги направил или рекол.

9. Не се импресионирај од мислењето на другите.

10. Грижи се за своето тело и доброто здравје.

18

11. Биди сигурна дека секогаш можеш да најдеш време за себе.

12. Постави свои граници и правила и обиди се да се придржуваш кон нив.

13. Биди добра, но не и глупава.

14. Секогаш е потребно да наоѓаш време за да се посветиш на некоја детска забава.

15. Не заборавај дека ти си она што го јадеш. Мисли на храната.

16. Образовај се. Не дозволувај да зависиш од некој друг.

17. Читај. Наоѓај ги вистинските зборови, за да можеш да комуницираш правилно. Употребата на лош јазик само ќе ги натера луѓето да мислат лошо за тебе.

18. Верувај во внатрешната сила и остави интуицијата да те води, кога си во неволја.

Прочитајте и:  Невролозите откриваат едноставна навика која придонесува за здравјето на мозокот

19. Биди внимателна што споделуваш на интернет.

20. Преземај одговорност за работите што ги правиш.

mother daughter.jpg.CROP.rectangle3-large

21. Биди сигурна дека кога даваш, нема да имаш финансиски, емоционални или физички загуби.

22. Биди сигурна дека кога некој ти кажува нешто, ти си внимателен слушател.

23. Утврди го она што те прави среќна и работи на развојот.

24. Сврти го вниманието кон работите на кои им се восхитуваш.

25. Биди учтива и кажувај „Благодарам“ и „Ве молам“ почесто.

26. Однесувај се кон постарите луѓе, онака како што сакаш да се однесуваат кон твоите родители.

27. Заработувај сопствени пари и положи за возачка.

28. Употребата на кредит треба да биде за краен случај, а не за шопинг.

29. Ако долго сакаш нешто, тогаш работи и штеди за него.

30. Не ги превземај долговите на другите луѓе.

mother-daughter-shoot

31. Секогаш пристигни на средба непосредно пред дадениот час, така што никогаш нема да доцниш.

32. Работното место не е за размислувања над личните работи и промена во расположението.

33. Избери го својот партнер во животот според начинот на кој ќе прави да се чувствуваш, а не според она што ти го дава.

34. Секогаш кажувај во што веруваш, што мислиш и што сакаш, нека знае твојот дечко што ти треба.

35. Не заборавај дека начинот на кој другите се однесуваат кон тебе, е под твоја контрола.

36. Предвидено е да имаш деца, бидејќи ги сакаш, а не затоа што мораш.

37. Запрашај се дали можеш да го поддржуваш своето дете и дали си подготвена за начинот на живот, кој ти претстои.

38. Очекувајќи другите да се менуваат, не биди револтирана кон нив, кога нема да го направат тоа.

39. Добро е блиските и твоите пријатели да бидат твоја поддршка кога ти е потребно, но не се потпирај на нив.

40. Имај трпение за наоѓање на вистинскиот партнер и ќе го најдеш.

o-MOM-DAUGHTER-facebook

- Реклама -