Додека многумина чекаат да се остварат нивните апокалиптични сценарија во 2012, 2024 или пак која и да е друга случајно одбрана година, погодна за крајот на цивилизацијата, решивме да се позанимаваме со оние апокалиптични настани кои веќе се имаат случено и кои ако само малку тргнеле во поинаква насока, денес ништо немаше да е онака како што е.
Додека многумина чекаат да се остварат нивните апокалиптични сценарија во 2012, 2024 или пак која и да е друга случајно одбрана година, погодна за крајот на цивилизацијата, решивме да се позанимаваме со оние апокалиптични настани кои веќе се имаат случено и кои ако само малку тргнеле во поинаква насока, денес ништо немаше да е онака како што е.
4. Истребувањето на диносаурусите
Сите ја знаат приказната – диносаурусите владееле со планетава милиони години, биле големи, опасни, гладни и се хранеле главно на несреќните цицачи што ќе залутаат по нивната патека. Единствена предност на цицачите бил фактот што се множеле како зајаци и на тој начин успеале да го издржат маратонот што се викал битка за опстанокт, т.е. успеале да останат живи до тој убав сончев ден пред околу 65 милиони години.
Тогаш, џиновски астероид (џиновски според наши стандарди, но прилично мал според астрономските стандарди) со пречник од околу 9,5 километри ја погодил Земјата и направил кратер со пречник од околу 175 километри (место кое денес го знаеме како Мексикански Залив.
Иницијалниот удар исфрлил толку прав што сончевата светлина со години не успевала да стигне до површината, што ефективно го убила сиот растителен свет. Тоа пак, го прекинало синџирот на исхрана и ги убило диносаурусите. Онаа политика на цицачите да бидат мали и здодевни одново се исплатила и тие успеале да го издржат и овој екстремен период и потоа, на празната планета, успеале да пораснат во животинскиот свет кој го знаеме денес.
3. Кометата Кловис
Може ли сличен настан, како погоре опишаниот, да му се случи на човештвото? Веќе се случил. Во Мичиген, пред 12 и пол илјади години.
За подобро сфаќање на ужасот од овој настан, погледнете ја фотографијата од експлозијата во Сибир, во 1908 година, за која научниците тврдат дека била предизвикана од комета која минувала близу до атмосферата, т.е. од неочекуваната промена во воздушниот притисок. Околу 18 милиони дрвја биле срамнети со земја, а силината на ударот бил еднаков на околу 1000 бомби од Хирошима.
Настанот од пред 12 и пол илјади години бил пострашен. Имал силина од околу 1 и пол милијарди бомби од Хирошима (т.е. 20 милиони мегатони). Се случил на теритроијата каде што денес се наоѓаат Големите Езера, а како последица од ударот, се случиле неверојатни шумски пожари, мини ледено доба, како и истребување на последните џинови во животинскиот свет – мастадонтите и гризли мечките високи преку 4 и пол метри.
2. Шпански грип
Причината поради која имате чуено за црната смрт, но не и за шпанскиот грип е фактот што оваа првата има добиено многу позлбно име. Но, во реалноста, шпанскиот грип ја прави црната смрт да изгледа како лесна настинка.
Шпанскиот грип се појавил во 1918 година. Се работи за нишка од вирусот H1N1, што ефективно значи дека новиот, свински грип, е само еден неспособен потомок на шпанскиот. Шпанскиот грип успеал да инфицира точно една третина од целото население на Земјата (во тој период третина била 500 милиони луѓе) и да ја убие точно половина Европа. Точно, црната смрт однела приближно исто жртви, но да бидеме реални – тоа го сторила за околу 200 години, додека шпанскиот грип го сторил тоа за 2!
Дополнително, треба да ги земеме предвид условите. Времето на црната смрт било време кога поимот хигиена се сврзувал со отворањето на прозорецот за да се истури кофата со фекалните материи. Шпанскиот грип настапил во време кога веќе се знаело за карантин, инфекции, дезинфекција итн. Ако тој настапел во мрачниот век, тогаш човечката раса речиси сигурно ќе беше истребена. Од друга страна, Првата светска војна значително помогна во ширењето на шпанскиот грип. Имено, покрај фактот што бојните полиња се одлична почва за ширење пандемии, одговорните офицери не ги пријавувале заболените од грип, поради ставот дека ќе изгледаат слаби.
1. Случајот Тоба
Пред 75 илјади години се случило нешто чудно. Геномот на луѓето имплодирал и сите видови на Homo….нештокус исчезнале, со исклучок на Неандерталците и модерниот човек. Зошто?
Се смета оти тогаш се случила вулканска ерупција во езерото Тоба на Суматра, со силина од 2000 мегатони (околу 150 илјади бомби од Хирошима). Ерупцијата создала облак од прав сличен на оној предизвикан од астероидот што ги сотрел диносаурусите кој ја блокирал сончевата светлина, ја смалил просечната температура за 10 степени и го предизвикал чудото што денес се вика вулканска зима. Ако не мислите дека 10 степени е многу, потсетете се на денешните метеоролози кои дигаат светски паники кога ќе забележат поместување за 1 степен во текот на 10 години и потоа замислете го ужасот во климата при снижувањето на 10 степени во просек, за само 1 година.
Резултатот бил страотен. Човечкиот род се намалил на 10 илјади луѓе. 10 илјади! Целата човечка раса можела да биде сместена на јужната трибина на градскиот стадион во Скопје.
Ова всушност е најблиску што човештвото некогаш дошло до истребување. Но, многу бргу дошло до експанзивна репопулација на планетава. Како и секогаш, спасот бил пронајден каде на друго место ако не во сексот.