Штом ќе видите некој скап производ во продавница, автоматски си помислувате – сигурно цената се должи на високиот квалитет на суровините. Но, не е секогаш така. Понекогаш, суровините кои се користат за производство се толку евтини што станува очигледно оти високата цена се должи единствено на добриот маркетинг.
Штом ќе видите некој скап производ во продавница, автоматски си помислувате – сигурно цената се должи на високиот квалитет на суровините. Но, не е секогаш така. Понекогаш, суровините кои се користат за производство се толку евтини што станува очигледно оти високата цена се должи единствено на добриот маркетинг.
4. Аудиокабли
Светот на аудифилите е чуден и помалку застрашувачки. Многу често, за нив не е важна песната, туку кристалноста на звукот што ќе ја извадат. Па така, во светот, се продаваат кабли кои чинат преку илјада долари, за поврзување на музичките системи со звучниците. Произведувачите тврдат дека врз нив ги примениле сите најнови научни принципи, а по производството биле тестирани за да се доведат до совршенство. Нормално, кога ќе ги видите си помислувате „овие кабли чинат илјада долари, мора да се извадени од некој научно фантастичен филм и кога ќе пуштам музика низ нив, бендот ќе излезе во мојата соба и ќе ми приреди приватен концерт. Но, не е баш така.
Како и сите останати кабли, „висококвалитетните“ аудикабли не се ништо повеќе од кабли. Нецел долар за неколкуте грама бакар и пластиката која го обвиткува. И не само што фрлањето 1000 долари и повеќе за овој производ нема да направи голема разлика во слушањето музика, всушност нема да направи никаква разлика. Еден човек по име Џејмс Ренди е толку убеден дека ова е само маркетинг трик што има понудено еден милион долари на секој што ќе може да ја забележи разликата во звукот помеѓу „обичен“ и аудиокабел, на јавно место, со врзани очи. До сега не се нашол таков јунак!
3. Паста за заби со обелувачки ефект
Рекламите за пасти за заби ве информираат дека првото нешто што светот го забележува за вас е насмевката. Никој не сака да гледа грди заби околу себе, а вие, колку и да четкате со детската паста за заби, повторно имате дамки на забите. Фактот стои дека речиси ниедна славна личност во светот (постојат исклучоци, како Итан Хок) немаше да е тоа што е денес, доколку си ги задржеше забите со кои е родена. Но, за нас, обичните смртници, компаниите за хигиенски производи нудат инстант решение во туба – паста која ќе ви ги реши сите стоматолошки проблеми. Сигурно!
Пастите за белење се обични пасти, со додадени гранули. Гранулите можат да бидат алуминиум оксид (главната состојка во киксот, онаа сина креда со која се подмачкува врвот од штеките за билјард) или пак калциум карбонат (главната состојка во лековите против стомачни киселини). Логиката е дека ако има рапави нешта во пастата, тие ќе ги изгребат наслагите од забите. Можат да стават и песок и да се постигне истиот ефект.
2. Антипреспиранти
Со децении наназад, рекламите сакаат да ве убедат дека ако во денот не употребите антипреспирант, во каква и ситуација да се најдете, таа ќе заврши катастрофално и сите на вас ќе гледаат како на заразен со лепра. Нормално, ни на крај памет да не ви паднало да помислите на секс. Мажите мразат жени што се потат, а жените мажи кои некогаш се испотиле.
Кое е чудото што компаниите го употребиле за да го измамат телото да не се ослободува од вишокот топлина преку потта? Никое! Главната состојка на антипреспирантите е алуминиум хлорид и истата се лепи на нанесената површина, ги затнува порите и не дозволува капките пот да излезат однатре. Ова не само што не е добро за здравјето, туку истиот ефект можете да го постигнете со што и да е што ќе се залепи на вашата кожа.
1. Енергетски пијалаци
Енергетските пијалаци се продаваат со тврдења од типот – останувањето концентриран е тешко, понекогаш заморот не можете сами да го победите, кога ви треба поттик итн. Да, понекогаш ви треба инстант енергија или имате желба да зборувате како Квентин Тарантино (без употреба на интерпункција, со часови и часови). И тогаш, наместо да прибегнете кон дрога, пиете енергетски пијалак. Скап е, но барем вреди. Дали?
Главните состојки на најголемиот дел енергетски пијалаци се: кофеин, таурин, гуарана и шеќер. Општопознато е дека шеќерот дава кус излив на енергија по што следи омалаксување, а ако ви е потребно објаснување за ефектите на кофеинот, добредојдовте во деветнаесеттиот век.
Една лименка од некој енергетски пијалак содржи двојно помалку кофеин отколку една поголема чаша кафе. Но, тука се и тауринот и гуараната. Секако, гуараната е растение кое содржи неверојатно големи количества кофеин (и ништо друго што е позначајно), а тауринот, колку што до сега научниците открија, не прави ама баш ништо! Затоа, ваш е изборот – ќе фрлите убави пари на лименка засладена вода со недефиниран вкус или ќе си сварите убаво кафе во кое ќе додадете малку повеќе шеќер. Изборот секогаш останува на вас.