4 ретардирани митови за храна за кои интернетот мисли дека се вистина

Маргарин Не треба да верувате на сè што ќе прочитате на интернет, зашто во денешно време, пишува кој ќе стигне. Од сите неверојатно идиотски напишани нешта, треба да заклучиме дека треба да престанеме да се храниме, да престанеме да пиеме вода, да дишеме итн. Во продолжение, прочитајте ги четирите најретардирани митови за храна за кои многумина веруваат дека се вистина.


Не треба да верувате на сè што ќе прочитате на интернет, зашто во
денешно време, пишува кој ќе стигне. Од сите неверојатно идиотски
напишани нешта, треба да заклучиме дека треба да престанеме да се
храниме, да престанеме да пиеме вода, да дишеме итн. Во продолжение,
прочитајте ги четирите најретардирани митови за храна за кои многумина
веруваат дека се вистина:

Кока-кола4. Кока-кола ќе ви го стопи стомакот!

Гласината започна со кока-кола, но веројатно заклучокот важи и за Пепси, како и сите други кола пијалоци за кои отсекогаш сте мислеле дека се безопасни пијалаци со вкус на карамела и едно чудо јаглерод диоксид. Мејлот гласи:

„Ако ставите телешки стек во кока-кола и го оставите да преноќи, до следниот ден ќе биде потполно стопен; Активната состојка во кока-кола е фосфорна киселина, чиј pH фактор е 2,8 и има моќ да раствори шајка за 4 дена; Фосфорната киселина го влече калциумот од коските и го зголемува ризикот од остеопороза; Камионите за пренос на кола-сируп (концентратот) мораат да носат налепница која укажува дека се работи за висококородирачки материјал опасен по здравјето“.

Постојат толку гласини за кока-кола, што постојат цели сајтови на интернет кои се посветени на таа тематика. Но, фактите говорат оти иако кока-кола содржи киселина, киселини содржат и еден куп други прехранбени производи (на пр. сокот од портокал содржи поголемо количество киселина). Добрата вест е што тие секогаш се толку разредени што не претставуваат ризик по вашето здравје и сигурно нема да ви направат дупка во стомакот. Производите што имаат таков ефект, послабо се продаваат.

Ред Бул3. Редбул ви дава крилја, т.е. тумор на мозокот

Доколку еден обичен освежителен напиток како кока-кола можеше да ви го стопи стомакот, тогаш којзнае што може контоверзниот Редбул да стори? Ако верувате во гласини, тогаш тој може да ви создаде тумор на мозокот.

„Сте се запрашале што сè се содржи во една лименка Редбул? Состојките се напишани со екстремно мали букви, а меѓу нив стои и еден вештачки создаден стимуланс, креиран од американската влада во шеесеттите. Глукуронолактонот првенствено бил употребуван во Виетнам за подигање на моралот кај војниците кои се соочувале со психички проблеми, но по една година бил забранен откако дел од пациентите умреле како последица на ефектите од овој производ, најчесто од тумор на мозокот. Еден напис во едно Британскиот медицински журнал вели дека истражувањата покажале дека е зголемен процентот на луѓето со тумор на мозокот кои редовно пиеле Редбул. Глукуронолактонот се испитува дополнително во најмалку 3 поголеми европски држави“.

Целата оваа приказна е лага! Освен фактот дека Редбул соржи глукуронолактон. Но, тоа не е состојка измислена од американска влада, зашто природно настанува во телото. Никогаш не им била давана на војници во виетнамската војна, а Британскиот медицински журнал воопшто не постои. Да, постои документиран случај на смрт поврзан со енергетскиот пијалак, кога едно дете испило три лименки една по друга и неколку часа подоцна доживеало инфаркт. Но, тоа ја фрла во вода теоријата за тумор на мозокот, освен ако за тие неколку часа не му изразнал тумор толку голем што го предизикал срцевиот удар. Во суштина, тоа е причината поради која некои европски држави ја забранија продажбата на Редбул.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Како Редбул ви дава енергија? Никој точно не знае, зашто сè уште не е направена екстензивна студија за ефектите на глукуронолактонот или другата клучна состојка – тауринот (иако е потврдено дека кај некои испитаници, тауринот делувал како седатив!). Aко тргнеме од очигледното, причините за напливите енергија што сте ги добиле пиејќи Редбул можеби треба да ги побарате во количината на шеќер и кофеин што се содржат во него.

Вода2. Пиењето студена вода по оброк може да предизвика срцев удар или рак

Теоријата потекнува од фактот што маснотиите се стврднуваат при ладење (како во одводите). А, цревата се нешто како одвод. Но, да не одолговлекуваме, еве ја теоријата:

Овој натпис се однесува на оние кои сакаат да се напијат чаша студена вода по оброк. Треба да знаете дека таа ќе ги стврдне мастите што сте ги конзумирале. Кардиологот вели дека ако секој што ќе го добие овој мејл го препрати на барем 10 луѓе, тогаш можеме да бидеме сигурни дека ќе спасиме барем еден живот. Откако стврдната маснотија ќе дојде во контакт со стомачната киселина, ќе се распадне и ќе биде апсорбирана побргу отколку цврстата храна. Потоа ќе ги обложи цревата однатре. Многу бргу тоа ќе се претвори во масно ткиво, што пак ќе доведе до појава на рак. Затоа најдобро е да се пие супа или топла вода по оброк. Една забелешка за срцевите удари: Не секогаш симтопот е остра болка во левата рака. Понекогаш, може да биде кочење на долната вилица, вртоглавица или пак интензивно потење“.

Еден совет – доколку оној што ви дели здравствени совети може лесно да помеша рак и инфаркт, големи се шансите да нема поим за што зборува. А, што се однесува до изложената теорија, зарем има потреба да се објаснува? Генијалецот кој го напишал ова заборавил дека помеѓу устата и цревата стои еден орган што се вика желудник. Па така, дури и ако изедете кило мраз, откако ќе дојде во желудникот, за неколку минути ќе дојде до собна температура и ќе се претвори во вода.

Маргарин1. Маргаринот всушност е пластика!

Ако ги прашаме лудите луѓе што е тоа маргарин, еве што ќе добиеме како одговор:

Маргаринот бил создаден првенствено за гоење мисирки. Но, откако многу од мисирките умреле, луѓето што вложиле многу пари во него, побарале нов начин да го продадат својот производ. Па, така решиле да го продаваат како храна за луѓе. Зашто оригинално се работеле за бела супстанца без вкус, му додале арома и оттаму доаѓа жолтата боја со која и полесно можеле да го продаваат место путер. Маргаринот три пати го зголемува ризикот од срцеви заболувања, пет пати го подига ризикот за рак, ја намалува имунолошката способност на организмот итн. Маргаринот е всушност една молекува помалку од пластика!“

Нема потреба да се занимаваме со приказната за мисирките, зашто се граничи со научна фантастика (секоја чест на тој што ја измислил). Што се однесува до составот на маргаринот, тој се прави од растително масло (или во некои случаи животински масти). Измислен е во 19 век во Франција, како евтина замена за путерот.

Најдобриот и најретардиран дел од оваа приказна е тврдењето оти маргаринот е една молекула помалку од пластика. Ова не само што не е точно, туку не е ни неточно. Ова е тврдење без никаква смисла! Водата е една молекула повеќе од тоа да биде високоексплозивен водород, но не значи дека некогаш спонтано ќе се претвори во него, нели?

- Реклама -