Речиси секое место кое можете да го замислите и на кое можете да отидете е исто така и место на кое можете да имате секс. Но, токму оние кои можеби ви се чинат најромантични или пак највозбудливи се оние места на кои имањето секс може да има најужасни последици:
4. Плажа
Сексот на плажа е бескрајно користен мотив во роматничните книги и филмови. Авторите ви продаваат реченици од типот: „Голите жешки тела се споија во ноќта со студено ветре, испружени врз крцкавиот песок, под ѕвездите, додека брановите удираа зад нив и ја разгоруваа страст…“ Она што го знаат сите што имале секс на плажа е дека искуството и не е така романтично. Кога телата се голи, песокта навлегува на места каде што не ѝ е местото. Но, сепак, ретко кој знае дека самата песок не е проблем, туку она што живее во неа.
Секоја година, сè повеќе плажи се затвораат, т.е. им се забранува пристап на капачите поради проблемот со бактерии во водата. Песокта, како што е општопознато, има карактеристики на супер-филтер. Па така, при допир со водата, едно чудо фекални бактерии остануваат залепени на ситните камчиња. Она што е значајно дека тие бактерии можат да живеат неколкупати подолго во песок отколку во вода. Според тоа, со имањето секс на плажа, многу веројатно ќе си заработите: тифоидна треска, хепатит А или дизентерија. А, тоа е речиси сигурно, нешто што следното сексуално искуство ќе ви го направи крајно непријатно!
3. Базен
Оние кои се мрзливи и не сакаат да отидат до плажата, веројатно сакаат да имаат полувозбудлив секс во вода. А која вода е подобра за тоа отколку онаа од базените, вода полна со хлор и урина?
Имањето секс во базен претставува проблем од две причини. Прво, со движењата во текот на сексуалниот чин ќе допуштите навлегување вода во местата од вашето тело во кои не сакате да има вода полна со бактерии. Токму така, најновите истражувања покажаа дека и најдобро хлорираната вода во себе содржи едвај доволно бактерии за да ви донесат една или неколку добри инфекции. Второ, водата е ужасен лубрикант и имајќи секс во неа ќе откриете колку зголемената фрикција ќе ви донесе болка и црвенило на гениталиите. Уживајте!
2. Кола во движење
Во минатото, возење до некоја запуштена локација, паркирање и имање секс беше сосема доволно. Но, во денешно време, една возбуда едноставно не е доволно. Затоа, сè повеќе луѓе се обидуваат да имаат секс во коли во движење. Но, не на сите им успева.
Една двојка во Чарлстон, Западна Вирџинија, Америка, откако се удрила во дрво и го уништила автомобилот, обидувајќи се да ги скрие причините, девојката на полицајците им кажала оти возела пијана. Откако ѝ било предочено колкава е казната за возење под дејство на алкохол, таа признала дека возел нејзиниот партнер, додека таа била зафатена со извршување фелацио.
Можеби сексот при голема брзина изгледа возбудлив, но сликата на извиткан метал, запален бензин и прашањето кое виси – дали ќе го преживеете оргазмот? – малку одзема од страста. Или не?
1. Шума
Што е поромантично од пакувањето на ранците, одењето на планина, запалување оган, поставување на шатор, влегување во него и започнување со клаустрофобичен секс на нерамен терен додека бубачките изигруваат воајери? Веројатно ништо.
Но, не се сите вести добри. Иако и натаму се дебатира на ова прашање – постојат некои докази дека мирисот кој се создава при сексуалниот однос привлекува мечки. Една двојка била најдена искасапена од мечка, во 1980 година, во еден национален парк во Америка, а според доказите, се претпоставува оти сексот бил причина мечката да го нападне шаторот.
Сите ви кажуваат дека кога кампувате во природа треба да ја чувате храната во затворени садови, но помислете дека можеби треба да ги држите и нозете споени. Постојат бројни нешта кои можат да се жртвуваат за добар секс, но животот не е едно од нив, нели?