Ова не се најдобрите моменти од Олимпијадите како што многумина би
очекувале, туку помалку нејасни и за некого смешни изведби кои и денес
се паметат.
Ова не се најдобрите моменти од Олимпијадите како што многумина би очекувале, туку помалку нејасни и за некого смешни изведби кои и денес се паметат.
{youtube}A7MmJIy0bjo{/youtube}
Еди е единствениот британец кој се пријави на зимските игри во Калгари 1988 и иако Англија тогаш немаше скокалници, неговата апликација беше прифатена. Зошто го викаат орел? Погледнете го видеото. [Where Eagles Dare]
{youtube}QmAdfLlhfzw{/youtube}
Сигурни сме дека многумина од вас го имаат гледано филмот, но тој е базиран на овој вистински настап на Јамајканската екипа. Што овие неколку спортисти направија – нивната храброст, одлучност и волја за успех, влезе во срцата на сите гледачи ширум светот. По овој настап, нивната форма драстично се подобри и тие всушност на Олимпијадата во Лилехамер 1994 година се пласираа пред Русија, Америка, Франција и Италија!
Philip Boit, крос-кантри скијање
Во 1996 двајца Кенијци решија да тренираат за зимската олимпијада во Нагано. Едниот од нив се квалификува и отиде во Нагано, каде за првпат и виде снег. До тогаш, тие тренирале во Кенија со скии-ролери. Церемонијата за доделување на медалите се одложи 20 минути бидејќи учесниците сакаа да го почекаат херојот од Африка! [A few brave men]
Eric "The Eel" Moussambani
{youtube}3zjCc_VyxM4{/youtube}
Во надеж да ги охрабри спортистите од неразвиените земји да се натпреваруваат, олимпискиот комитет им дозволи на некои од нив да настапат во Сиднеј 2000 година, иако немаат квалификациско време. Ерик, кој подоцна беше наречен „јагулата“ поради својот необичен стил, научил да плива само неколку месеци пред натпреварот во еден од вкупно два хотелски базени во Кенија. Она што го видовме на екраните беше вистинска слика за храброст и одлучност, но и за смеење. [Courage on the blocks]